Како да блокирате електронска пошта во Gmail

Ова кратко упатство е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да блокирате електронска пошта во Gmail“ (How to block an email in Gmail).

За Gmail

Сервисот за електронска пошта Gmail ви овозможува да блокирате несакани електронски пораки од некој испраќач.

Блокирањето на несакани електронски пораки помага да го одржите вашето сандаче средено и само за пораки што ви се важни.

Следниот пример ја користи апликацијата Gmail во прелистувачот (browser) Chrome на компјутер. Чекорите се слични како на мобилен уред.

Црни електронски пораки

Чекор по чекор

  1. За да ја отворите пораката, во дојдовното сандаче (Inbox) кликнете на електронска порака од испраќачот кој сакате да го блокирате.
  2. Кликнете на менито More (Повеќе) во горниот десен агол. Toa изгледа како три вертикално поставени точки.
  3. На листата што се отвора надолу (dropdown list), најдете и кликнете на командата Block (Блокирај). До неа ќе стои името на испраќачот.
  4. Во квадратот што ќе се појави, кликнете на копчето Block за да потврдите дека сакате да го блокирате испраќачот.
  5. Во сивата порака за предупредување што се појавува на врвот од електронската порака, кликнете на Move to spam (Премести во отпад) за да ја избришете пораката од вашето дојдовно сандаче (Inbox).
  6. Идните пораки од електронската адреса на испраќачот, Gmail автоматски ќе ги испраќа во вашата папка за отпад (spam folder).
Испраќачот нема да знае дека сте го блокирале и може да поминат неколку дена пред да престанете да добивате несакани имејли од него.