Објаснување на следењето на интернет активности и протекување на податоци
Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на курсот „Објаснување на следењето на интернет-активности и протекување на податоци“ (Web tracking and data breaches explained), вклучувајќи:
- како следењето на вашите интернет активности (web tracking) користи колачиња (cookies) за да ви праќа реклами
- како да го намалите на минимум следењето на вашите интернет активности
- што е протекување на податоци (data breach) и што да направите ако влијае на вас.
Како функционира следењето на интернет активности
Големите компании, како што се Amazon и Google, можат да комбинираат евиденција за вашите посети на различни веб страници, за да следат каде одите онлајн:
- Веб-страниците креираат профил и го користат за да ве опсипуваат со реклами.
- Веб-страницата може да ја запомни вашата посета користејќи мала датотека (file) наречена колаче (cookie).
- Веб-страниците ќе ве прашаат дали сакате да прифатите колачиња.
- Ако се согласите, вие давате дозвола веб-страницата да ги следи вашите посети.
- Повеќето колачиња се корисни, но некои можат да им помогнат на огласувачите да ве следат.
Колачињата не зачувуваат приватни информации како што се лозинките (passwords), но можат да го зачуваат вашиот статус на најавување (login status). Тоа значи дека ако се најавите (log in) на некоја веб-страница, а потоа го исклучите вашиот уред, следниот пат кога ќе ја посетите таа страница можеби сè уште ќе бидете најавени. Треба безбедно да се одјавите од сите веб-страници кога ќе излезете, со кликнување на копче за одјавување log out или sign out.
Како да го намалите на минимум следењето на вашите интернет активности
Следењето на вашите интернет активности може да го намалите на минимум со преземање на неколку едноставни чекори:
- Користете го режимот Incognito или режимот за приватно пребарување (private browsing) на вашиот прелистувач (browser).
- Овој режим ги блокира колачињата, но може да ја ограничи функционалноста на некои веб-страници.
- Користете мали програми наречени browser extensions (додатоци за прелистувач) за да блокирате голем број реклами. Блокаторите на реклами (Ad blockers) се обично бесплатни.
- Наместо Google, користете приватен пребарувач (search engine) како што е Duck Duck Go.
- Избегнувајте производи за кои се тврди дека можат да ве сокријат на интернет.
- Користете ја функцијата clear cookies (бришење колачиња) и clear browsing data (бришење податоци за прелистување) на вашиот прелистувач (browser).
- Може да пробате VPN, но имајте предвид дека Google и натаму може да ве следи.
Што е протекување на податоци (data breach)?
Протекување на податоци се случува кога се пристапува до лични информации, тие се откриваат без овластување или се губат. Тоа значи дека секое протекување на податоци е злонамерно по природа; може да биде предизвикано од човечка грешка или поради дефект на машина или систем.
Пример на незлонамерно протекување на податоци
Вработен во здравствена установа одлучува да направи резервна копија на некои податоци, меѓу кои и ваши. Наместо да ги ископира податоците, тој случајно ги брише.
Пример на злонамерно протекување на податоци
Хакер нелегално влегува во системот на вашата компанија за мобилна телефонија и ги презема вашите информации и информациите на илјадници други корисници, а потоа ги продава на измамници.
Што се случува при „оправдано“ протекување на податоци
Тука постои веројатност протекувањето да предизвика сериозна штета:
- Компанијата е должна да ве извести за протекувањето на податоци.
- Исто така, компанијата мора да ви каже какви чекори треба да преземете.
- Можеби ќе треба да ги смените лозинките (passwords) за вашите важни онлајн сметки.
- Можеби ќе треба да наведете нови или различни податоци за идентификација.
- Компанијата можеби ќе мора да престане да работи и да пронајдете нов давател на услуги.
- Може да бидете упатени да барате издавање на нови лични документи или да обновите одредени видови документи за идентификација.
Како да препознаете дали сте опфатени со протекување на податоци
Постојат три главни начини на кои веројатно ќе дознаете дали сте опфатени со протекување на податоци:
- Протекувањето на податоци што влијае на компанија или службата што ја користите може да биде објавено на радио, телевизија, онлајн вести и во весници.
- Доколку протекувањето на податоци е сериозно, компанијата мора за прекршокот да ја извести Канцеларијата на австралискиот начелник за информации (Office of the Australian Information Commissioner) (OAIC) и засегнатите клиенти.
- Компанијата може директно да ве контактира за да ве информира за протекувањето на податоците, дури и ако тоа не е многу сериозно.
Кои податоци треба редовно да се проверуваат
Бидејќи помалите протекувања на податоци не привлекуваат многу внимание, добра идеја е да го проверите вашите податоци кај:
- приватното медицинско или здравствено осигурување
- телефонската компанија (особено ако користите помал оператор)
- давателот на интернет услуги
- службата за банковни услуги по интернет
- компанијата за осигурување на вашиот автомобил, имот или предмети во домаќинството.
Може да ги посетите нивните веб страници или да ги контактирате за да прашате дали вашите податоци се безбедни.
Внимателно прочитајте ги електронските и текстуалните пораки за протекување на податоци
Доколку добиете текстуална или електронска порака од компанија во која се вели дека вашите податоци биле протечени, внимателно прочитајте ја и не кликнувајте на ниеден линк.
Може да добиете информации за протекување на податоци и преку апликацијата на компанијата на вашиот телефон.
Понекогаш измамниците испраќаат лажни електронски пораки за протекување на податоци. Наместо да кликнете на линк во пораката, користете го вашиот веб-прелистувач (web browser) за директно да ја посетите почетната страница на компанијата и таму да побарате информации. Никогаш не кликнувајте и не допирајте линк во електронска или текстуална порака.
Веднаш преземете превентивни мерки
Доколку се сомневате дека сте биле вклучени во протекување на податоци, најдобро е да дејствувате брзо. Корисен прв чекор е промена на вашите важни лозинки на:
- главната електронска адреса (како што е адресата на вашата електронска пошта на Google или Apple)
- сметките на социјалните мрежи
- апликацијата за банкарски услуги или која било друга апликација преку која може да се пристапи до вашите пари
- myGov сметката.
Корисни контакти за да дознаете што да направите следно
За повеќе информации што да направите во случај на протекување на податоци и како да го заштитите вашиот идентитет и податоци: