Како да споделите контакт од Android телефон

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да споделите контакт од Android телефон“ (How to share a contact from an Android phone).

Чекор по чекор

Можете да го споделите контактот од вашиот Android телефон со друг телефон преку текстуална или SMS порака, следејќи ги следните чекори:

Споделување контакти на Android телефон
  1. Од екранот Apps (апликации), допрете го симболот за Contacts (Контакти) за да ја отворите апликацијата.
  2. На листата Contacts (Контакти) најдете го лицето чии податоци сакате да ги споделите и допрете го неговото/нејзиното име.
  3. Допрете го симболот Share (Сподели) на дното од картичката со контактот.
  4. На „прозорецот“ (pop up) што ќе се појави допрете Text (Текст).
  5. На менито Share (Сподели), допрете го симболот Messages (Пораки) за да ја отворите апликацијата.
  6. Може да додадете примател со допирање на симболот за лупа за да пребарувате во вашата листа на контакти или да внесете нов телефонски број. Исто така, може да ја прегледувате листата со контакти и да допрете на некој контакт за да го изберете.
  7. Допрете го копчето Next (Следно).
  8. Се појавува порака со примателот и деталите за контакт што сакате да ги споделите. Допрете ја стрелката за SMS пораки за да ја споделите.