Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн курсот „Измами со текстуални или ЅМЅ пораки“ (Text or SMS scams), вклучувајќи:
Измамите со текстуалните или SMS пораки се праќаат на паметни телефони (smartphones) за да ве измамат. Тие имаат за цел да ви ги украдат парите, да пристапат до вашите кредитни картички и да ги продадат вашите лични податоци на интернет, за да ги користат во други измами.
SMS: Кратенка за Short Message Service (услуга за кратки пораки) е стандарден начин за испраќање пораки на голем број паметни телефони.
Текстуални пораки: Секаков друг начин на испраќање пораки, што вклучува кратка текстуална порака испратена преку апликација. Некои од овие апликации вклучуваат WhatsApp и Facebook Messenger.
Измамничката порака обично изгледа како да доаѓа од легитимен извор - на пример, бизнис, банка, влада или дури и пријател. Пораката:
Линкот или бројот ќе ве доведат до лажна веб-страница или измамник, а може да бидете измамени да дадете лични податоци како што се вашите лозинки (passwords) или финансиски информации.
Не допирајте и не кликнувајте на линкови во пораката, и не отворајте прилози (attachments).
Ако сметате дека пораката е сомнителна, можете да ги користите функциите на апликацијата за пораки за да:
Исто така, измамнички пораки може да пријавите на Scamwatch и да се претплатите на нивниот билтен за да добивате известувања за најновите измами.
Понекогаш некоја текстуална или ЅМЅ порака намерно ќе ви се обрати со погрешно име. Ако одговорите велејќи дека бројот е погрешен, измамникот ќе:
Треба да игнорирате секоја порака во која се признава дека ве контактирале по грешка.
Понекогаш може да биде тешко да се препознае кога пораката е од измамник. Измамниците може да користат измама со лажно претставување (spoofing) за да изгледа како текстот да доаѓа од вистинскиот број на компанија или дури на лице што го познавате.
Овие измами сепак можете да ги избегнете така што нема да кликнете на линкови во пораката или нема да допрете телефонски броеви во неа.
Доколку сметате дека испраќачот е веродостоен, но сте загрижени, контактирајте со лицето или со организацијата користејќи ги податоците што вие ќе ги пронајдете, за да проверите дали лицето или организацијата навистина ја испратиле пораката. Вие може:
Допрете линк само ако сте сигурни дека пораката е автентична.
Доколку сметате дека пораката можеби е измама, треба да ги следите следниве чекори:
Секогаш може директно да се јавите на компанијата од која се чини дека е испратена електронската порака. Само осигурајте се дека ги користите вашите сопствени контакт информации – не нешто што е во електронската порака.
Најлесниот начин да избегнете измами со текстуални и ЅМЅ пораки е да ги игнорирате пораките, освен кога сте сигурни дека го познавате испраќачот или самостојно сте ја провериле пораката.
Измамниците со текстуални и ЅМЅ пораки сакаат да дојдат до вашите пари, да купуваат во ваше име и да ги украдат вашите лични податоци за да ги продаваат преку интернет. Ако мислите дека сте измамени: