Како да планирате патување со Google Maps
Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да планирате патување со Google Maps“ (How to plan a trip with Google Maps), вклучувајќи:
- како да планирате патување од вашата локација до дестинацијата
- како да се избегнат патарини
- како да ја користите апликацијата за да пристигнете во одредено време.
Започнување со Google Maps
Овој курс покажува како да планирате патување користејќи ја апликацијата Google Maps на Android телефон, а чекорите се слични на iPhone или во веб-прелистувач (browser) на компјутер.
За да ја ажурира мапата додека патувате, Google Maps бара дозвола за да ги користи функциите за локација на вашиот уред. Дозвола на апликацијата можете да ѝ дадете во менито Settings (Поставки) на вашиот уред под Location (Локација).
За да го извлечете максимумот од Google Maps, треба да бидете најавени (signed in) на вашиот Android телефон и на Google Maps, со вашата сметка на Google.
Апликацијата Google Maps е стандардно инсталирана на Android телефони. Ако не можете да ја најдете, може да ја преземете од Google Play. На iPhone, апликацијата може да ја преземете од App Store и да ја инсталирате во вашиот уред.
Како да добиете упатства од вашата моментална локација до некоја дестинација
Отворете ја апликацијата Google Maps за да видите мапа од вашата локална област, со вашата моментална локација означена со син круг во центарот на мапата. За да започнете патување:
- Допрете во Search bar (лентата за пребарување) на врвот од мапата и внесете дестинација.
- Предлози се појавуваат додека пишувате. Може да допрете некој од предлозите за да го изберете, но наместо тоа допрете го симболот на лупа во долниот десен агол на тастатурата.
- Се појавува мапа на дестинацијата, со квадрат (pop up) што прикажува некои информации.
- Допрете го копчето Directions (Упатства) во квадратот за да ја видите најбрзата рута од вашата локација до дестинацијата. Патот ќе се покаже во сина боја, заедно со сино поле кое прикажува процена на времетраењето на патувањето и сите трошоци за патарина.
- Картата може да прикаже и пат без патарина како бело поле. Допрете го полето за да го видите алтернативниот пат, времетраењето на патувањето и заштедата на трошоци.
- Стандардно, Google Maps ви дава упатства што може да ги следите додека возите, но има и опции за јавен превоз, пешачење и возење велосипед.
- За да потврдите дека упатствата се за возење, проверете дали е избран симболот за автомобил на дното од мапата и дали квадратот е насловен Drive (Вози).
- Допрете го копчето Start за да започнете да добивате упатства од вашата моментална локација до дестинацијата.
Следете ги овие чекори за да добиете упатства до дестинацијата од место кое не е вашата моментална локација:
- На горниот дел од екранот, допрете ја опцијата Your location (Ваша локација) и внесете го името на местото од кое што сакате да го започнете патувањето.
- Кога ќе се прикаже името на почетната локација, допрете го симболот за лупа во долниот десен агол на тастатурата.
- Се појавува мапа на дестинацијата, со квадрат (pop up) што прикажува некои информации.
- Прегледувајте го квадратот за да видите преглед на насоки, а потоа повлечете надолу на квадратот за да го затворите и на мапата да ја видите маршрутата.
Како временски да го организирате вашето патување
Google Maps може да ви помогне да го организирате патувањето за да пристигнете во одредено време.
- За почеток, проверете дали имињата на вашата почетна локација и дестинација се внесени во горниот дел од екранот на мапата.
- Во горниот десен агол од екранот, допрете ги трите вертикални точки за да отворите мени.
- Допрете Set depart or arrive time (Постави време на поаѓање или пристигнување) за да отворите квадрат со часовник. На часовникот изберете го датумот и времето кога сакате да пристигнете, а потоа допрете Set (Постави).
- Мапата ќе ја прикаже маршрутата и ќе се појави „прозорец“ што ќе го покаже најдоброто време за тргнување од вашата локација за да пристигнете навреме.