Како да се најавите на Google Maps

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да се најавите на Google Maps“ (How to sign in to Google Maps).

Најавувањето (signing in) на Google Maps со вашата сметка на Google ви овозможува да зачувувате патувања и адреси, брзо да ги наоѓате омилените места и да добивате персонализирани резултати од пребарувања.

Овој курс покажува како да се најавите во апликацијата Google Maps на Android телефон; чекорите се слични на iPhone или во веб-прелистувач (web browser) на компјутер.

Исто така, Google Maps може да користите и без да се најавите.

Најавете се со Google Maps

Поставување

За почеток, проверете дали на вашиот Android телефон сте најавени со вашата сметка на Google. Исто така, на апликацијата Google Maps треба да ѝ дадете дозвола да пристапи до вашата локација. За да го направите тоа:

  1. На екранот Apps (Апликации), допрете го симболот Settings (Поставки).
  2. Од листата што ќе се појави, најдете Location (Локација) и допрете ја за да го отворите менито.
  3. Допрете го прекинувачот горе десно за да вклучите Location.
  4. Допрете App permissions (Дозволи за апликации), а потоа најдете и допрете го симболот Google Maps. Ако неодамна сте ја користеле апликацијата, таа ќе биде најгоре. Ако не е, пребарувајте ја листата додека не се појави.
  5. Од опциите што ќе се појават, допрете Allow only while using the app (Дозволи само додека се користи апликацијата). Ова значи дека Google Maps ќе ја следи вашата локација само кога ја користите апликацијата.
  6. Допрете го копчето Home за да се вратите на почетниот екран.
Ако не сакате Google Maps да ја следи вашата локација, секогаш можете да исклучите Location (Локација) и да ги промените дозволите за апликации.

Најавување (Signing in)

  1. Од почетниот екран, допрете ја папката Google за да ја отворите.
  2. Допрете го симболот на Google Maps за да ја отворите апликацијата.
  3. Од десната страна на Search bar (лентата за пребарување) на горниот дел од екранот, симболот Account Circle треба да ја прикаже сликата на профилот или иницијалот што го користите за вашата сметка на Google. Ова значи дека сте најавени на Google Maps.
  4. За да потврдите, допрете го симболот Account Circle за да ја отворите апликацијата Google Account и да го видите вашето име прикажано на панелот.