Што да направите кога вашиот мобилен телефон не се полни
Овој краток прирачник е референтна алатка за потсетување која ќе ви помогне да го обновите знаењето или да го практикувате она што сте го научиле во онлајн видеото „Што да направите кога вашиот мобилен телефон не се полни“, вклучувајќи:
- како да го проверите полначот, кабелот, приклучокот за полнење и поставките
- како да го рестартирате телефонот
- кога да побарате помош од одделот за поддршка на клиенти или сервисен центар.
Чекор по чекор
Можете да препознаете дека телефонот не се полни ако, кога ќе го приклучите на струја, не се појавува симболот за полнење или нивото на батерија останува исто. Следниот пример се однесува на Samsung телефон со Android, а чекорите се слични и за iPhone.
Проверете го кабелот и приклучокот за во струја
- Прегледајте ги кабелот и штекерот за можни оштетувања, на пример оштетена изолација на кабел или свиткани приклучоци.
- Пробајте го полначот и кабелот со друг уред. Ако и другиот уред не се полни, можеби ви треба нов полнач или кабел.
- Пробајте со друг полнач и кабел за да видите дали телефонот ќе започне со полнење.
- Ако користите ѕиден приклучок, ставете го полначот во друга штекерска приклучница.
- Ако телефонот сè уште не се полни, проблемот може да биде во самиот уред.
Проверете го влезот за полнење и поставките (settings)
Прегледајте го влезот за полнење на телефонот за нечистотии кои можеби ја попречуваат врската и со мала, чиста четкичка нежно отстранете прашина или влакненца.
Некои телефони имаат поставки за управување со енергија кои може да влијаат на полнењето:
- отворете ја апликацијата Settings (Поставки) и одете во Battery settings (Поставки за батеријата)
- проверете дали е вклучен режимот за заштеда на батеријата, Battery Saver или Power Saver.
Ако телефонот е стар и батеријата брзо се празни или бавно се полни, можеби треба да се смени. Во зависност од моделот, можете да ја проверите состојбата на батеријата:
- отворете ја апликацијата Settings (Поставки) и одете во Battery settings (Поставки за батеријата)
- побарајте информации за капацитетот и препораки за замена.
Рестартирајте го телефонот
Рестартирањето може да реши привремени проблеми со полнењето:
- Притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување (Power button) или притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување и копчето за намалување на гласот, додека не се појават опциите за вклучување.
- Допрете Restart или Reboot.
- Кога телефонот ќе се вклучи повторно, проверете дали се полни.
Побарајте помош
Ако ништо од горенаведеното не помага:
- конатктирајте со одделот за поддршка на клиенти за марката на вашиот телефон преку телефон, имејл или онлајн „chat“
- посетете сервисен центар за да ви го прегледаат и поправат телефонот.