Десктоп со Windows: Безбедност и приватност
Овој краток прирачник е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот Десктоп со Windows: Безбедност и приватност, вклучувајќи и како да:
- се најавите и да го заклучите вашиот компјутер
- управувате со известувања и да инсталирате ажурирања
- се заштитите од вируси и да ја обезбедите на вашата веб-камера.
Пред да започнете
Проверете дали вашиот компјутер е:
- Приклучен во електрична струја, е вклучен и го прикажува десктопот (работната површина)
- Правилно поврзан со глувчето и тастатурата и со вашиот домашен Wi-Fi
- Работи со најновата верзија на неговиот оперативен софтвер. Ако вашиот компјутер не користи Windows 11, некои од чекорите може да изгледаат поинаку, но сепак можете да ги следите.
Како да се најавите (sign in) на вашиот компјутер
Треба да се најавите на вашиот компјутер со Windows пред да можете да го користите:
- Користете ја сметката и ПИН-от или лозинката што сте ги креирале кога првпат сте го поставиле компјутерот.
- Името на вашата сметка и сликата на профилот се појавуваат во средината на екранот Sign-in (најавување).
- Внесете го вашиот ПИН или лозинка во полето подолу и притиснете Enter.
Лозинката е како клуч. Вашата лозинка го заклучува вашиот компјутер, така што никој друг не може да го користи.
Како да го заштитите вашиот компјутер
Важно е да го чувате вашиот компјутер безбеден и има неколку опции кои ќе ви помогнат да го направите тоа.
Исклучување
Исклучувањето на компјутерот кога ќе завршите со неговото користење ги спречува другите да можат да пристапат до вашите датотеки.
- Зачувајте ги датотеките и затворете ги апликациите пред да го исклучите.
- За Shutdown (исклучување), кликнете на копчето Start на долниот дел од екранот за да го отворите полето со менито Start.
- Кликнете на иконата Power во долниот десен агол за да го видите менито Power, а потоа кликнете на Shutdown.
Мирување (Sleep)
Sleep mode (состојба на спиење) го исклучува екранот за да заштеди енергија и ви овозможува да продолжите од каде што сте застанале кога ќе го разбудите компјутерот. Вашиот компјутер автоматски ќе премине во состојба на спиење ако не го користите подолго време.
- За рачно да го ставите компјутерот во состојба на спиење, кликнете на Sleep во менито Power.
- За да го разбудите компјутерот, притиснете кое било копче на тастатурата за да се прикаже Lock screen (екранот за заклучување).
- Повторно притиснете кое било копче за да се прикаже Sign-in screen (екранот за најавување), а потоа најавете се со вашиот ПИН или лозинка.
Заклучување (Lock)
Ако накратко се оддалечувате од компјутерот, можете да го заклучите за да го заштитите. Вашиот компјутер може да се заклучи автоматски по одреден период на неактивност.
- За рачно заклучување на компјутерот, кликнете на Lock (заклучи) во менито Power за да го заклучите компјутерот и да го прикажете Lock screen (екранот за заклучување).
- Притиснете кое било копче за да се прикаже Sign-in screen (екранот за најавување), а потоа најавете се со вашиот ПИН или лозинка.
- Вашите отворени апликации и датотеки ќе бидат исти како што сте ги оставиле.
Проучување на компјутерски известувања
Вашиот компјутер, други апликации и некои веб-страници повремено ќе ви испраќаат notification (известување):
- Известувањата се појавуваат во долниот десен агол на екранот.
- Повеќето известувања исчезнуваат по неколку секунди.
- Поставете го глувчето над известувањето за да ги видите опциите.
- Кликнете само на известувањата на кои им верувате.
- Ако игнорирате известување, тоа нема да му наштети на вашиот компјутер.
Вашиот компјутер ќе испраќа известувања за тоа кога треба да се инсталира system update (ажурирање на системот). Овие известувањата ќе останат на екранот додека не одговорите и можеби ќе треба да го рестартирате компјутерот за да го инсталирате ажурирањето.
Во известувањето, можете да кликнете на Install now (инсталирај сега) или да го одложите рестартирањето со кликнување на Pick a time (избери време) или Restart tonight (рестартирај вечерва).
Безбедно е да се кликне на известувањата на Windows, но внимавајте на лажните известувања. Вистинското известување за macOS никогаш нема да ве праша за вашите лични информации или да ве упати на веб-страница на трета странка.
Како да се заштитите од вируси
Важно е да ги заштитите вашите датотеки, лозинки и компјутер од вируси и други онлајн закани:
- Вашиот компјутер доаѓа со вграден Windows Security за да ви помогне да ги заштитите вашите информации и датотеки.
- За да го отворите Windows Security, побарајте мала икона со штит во долниот десен агол од екранот. Ако не ја гледате, кликнете на малата стрелка за да ја откриете иконата и кликнете на неа.
- Антивирусниот софтвер може да обезбеди дополнителна безбедност и да заштити некои од вашите други уреди.
- Повеќето антивирусни софтвери можете да ги пробате бесплатно, но проверете ги тековните трошоци пред да се регистрирате.
Како да ја заштитите вашата веб-камера
Ако вашиот компјутер има веб-камера, ќе видите мал круг во средината на горниот дел од екранот.
- Мало светло се пали до веб-камерата кога камерата е активна.
- Малку е веројатно, но некој би можел да пристапи до камерата од далечина.
- За да се заштитите од ова, ставете самолеплива лента преку камерата кога не ја користите.