Ресетирање на користен десктоп компјутер со Windows

Овој краток прирачник е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле во онлајн видео курсот Ресетирање на користен десктоп компјутер со Windows, вклучувајќи како да:

  • ги избришете датотеките и сметките на претходниот сопственик
  • го ресетирате безбедно компјутерот користејќи ги поставките на Windows
  • проверите кога е завршен процесот на ресетирање.

Пред да започнете

Проверете дали вашиот компјутер е:

  • Приклучен во електрична струја, е вклучен и го прикажува десктопот (работната површина)
  • Правилно поврзан со глувчето и тастатурата и со вашиот домашен Wi-Fi
  • Работи со најновата верзија на неговиот оперативен софтвер. Ако вашиот компјутер не користи Windows 11, некои од чекорите може да изгледаат поинаку, но сепак можете да ги следите.
Десктоп со Windows

Што е ресетирање?

Од безбедносни причини, важно е да го ресетирате користениот компјутер пред да го користите и да го ресетирате пред трајно да го предадете на некој друг.

Ресетирањето на користен компјутер:

  • ги отстранува датотеките, апликациите и личните податоци на претходниот сопственик
  • ја штити вашата приватност и безбедност
  • го подготвува уредот за ваша лична употреба.

Започнување

Ако видите екран за јазик, компјутерот е веќе ресетиран и можете да го прескокнете овој курс и да продолжите директно на курсот Поставување на вашиот нов десктоп компјутер со Windows.

Ако го видите екранот за најавување (Sign In screen) на претходниот сопственик, ќе треба да го ресетирате компјутерот. Ќе ви треба нивната лозинка или ПИН за да се најавите и да го започнете ресетирањето.

Компјутерот треба да биде поврзан со Wi-Fi за да може ресетирањето да функционира. Ако не е поврзан, можете да научите како да се поврзете на Wi-Fi на курсот Windows desktop computer: System Settings (Десктоп компјутер со Windows: Системски поставки).

Најдобро е никогаш да не споделувате ПИН-кодови или лозинки со други, затоа замолете го претходниот сопственик да ги внесе своите на екранот за најавување наместо вас. По ресетирањето, можете да создадете сопствена лозинка или ПИН за да ги заштитите вашите информации.

Подготовка за ресетирање

  1. Од десктопот, кликнете на копчето Start на дното од екранот. Изгледа како прозорец.
  2. Ќе се отвори менито Start. Пронајдете ја иконата Settings (поставки) и кликнете на неа. Изгледа како запченик.
  3. Ќе се отвори менито за Settings (поставки). Пронајдете ја опцијата System на левата страна од полето и кликнете на неа.
  4. На десната страна од полето, пронајдете и кликнете на Recovery за да ги видите опциите.
  5. Кликнете на Reset this PC (ресетирај го овој компјутер).
  6. Се појавува син прозорец. Кликнете Remove everything (отстрани сè) за да ги избришете сите датотеки и софтвер на претходниот сопственик.
  7. Ќе се појави прозорец How would you like to reinstall Windows? (како сакате да го реинсталирате Windows?), вие изберете Cloud download. Ова ви гарантира дека ќе ја добиете најновата верзија на Windows.
  8. Во појавениот прозорец Additional settings (дополнителни поставки), кликнете на Change settings (промени поставки), а потоа кликнете на Yes (да) со прекинувачот што се наоѓа под Clean data?. Ова безбедно ги брише личните податоци и инсталираните апликации.
  9. Кликнете на Confirm (потврди), а потоа на Next (следно).
  10. На појавениот прозорец Ready to reset this PC (подготвено за ресетирање на овој компјутер) ќе се прикаже краток преглед на тоа што ќе се случи за време на ресетирањето и ќе ве предупреди дека ова е последната шанса за претходниот сопственик да направи резервна копија на своите датотеки.
  11. Кога ќе бидете подготвени, кликнете на Reset (ресетирај).

Извршување на ресетирањето

Ресетирањето може да трае до 40 минути, во зависност од тоа колку податоци треба да се отстранат.

Вашиот компјутер ќе се рестартира неколку пати, а потоа ќе се прикаже црн екран со лого на Windows или името на производителот на компјутерот, или само обичен црн екран.

Кога ќе видите екран на кој ќе бидете замолени да изберете јазик, вашиот компјутер е ресетиран и подготвен за поставување.

Можете да научите како да го направите ова во курсот Поставување на вашиот нов десктоп компјутер со Windows.