Овој краток водич е референтна алатка која ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го вежбате она што сте го научиле во онлајн видео-курсот Што е „Passkey?“.
Лозинките може да бидат тешки за паметење и пишување, а може да бидат украдени или ненамерно откриени.
„Passkeys“ (безбедносни клучеви) се побезбеден начин да се најавите на вашите онлајн сметки. Наместо да пишувате лозинка, ја користите вградената безбедност на вашиот уред - како што е вашиот отпечаток од прст, идентификација на лице или PIN - за да потврдите дека навистина сте вие.
„Passkey“ ја заменува вашата лозинка со уникатен дигитален клуч што вашиот уред го создава и безбедно го чува.
Кога се најавувате на веб-страница или апликација што користи „passkeys“:
„Passkeys“ работат на повеќето телефони, таблети и компјутери.
За да користите „passkey“, на вашиот уред мора да имате поставено отклучување со PIN, отпечаток од прст или со препознавање на лице.
„Passkeys“ може да се синхронизираат на сите уреди користејќи Apple Keychain, Google Password Manager или некои менаџери за лозинки.
Можете да направите резервна копија на вашите „passkeys“ во „облакот“ (на пример, iCloud или вашата сметка на Google) за да можат да се вратат ако купите нов уред.
Голем број големи компании и владини служби — како што се myGov, Apple, Microsoft, eBay, PayPal и некои банки — нудат „passkeys“ како претпочитана опција за најавување.