Застани. Провери. Заштити.
Совети за безбедно купување преку интернет (онлајн)

Овој краток прирачник е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот Застани. Провери. Заштити. Совети за безбедно купување преку интернет (онлајн). Ќе научите:

  • за некои од знаците на измама при купување онлајн
  • начини да се заштитите од онлајн измами
  • кои чекори може да ги преземете ако ве измамиле.

За купувањето онлајн

Купувањето онлајн може да биде лесно и практично, но не може да му се верува на секој со кого ќе имате работа онлајн. Многу измами се софистицирани и тешко може да се препознаат, но постојат чекори што можете да ги следите секогаш кога купувате или продавате онлајн, за да ги заштитите вашите пари и лични информации.

Измами при купување онлајн

Застани. Одвојте момент пред да му дадете на кого било пари или лични информации.

Провери. Осигурете се дека лицето или бизнисот со кој имате работа се навистина легитимни.

Заштити. Дејствувајте брзо ако нешто ви се чини сомнително.

Купување онлајн

Некои предупредувачки знаци кои ги засегаат купувачите вклучуваат:

  • Сите коментари за веб-продавницата или продавачот се позитивни и содржат многу малку детали.
  • Скап производ се нуди по нереално ниска цена.
  • Веб-страницата нема информации за враќање на производи или општи услови и правила.
  • Продавачот не прикажува ABN, начела за приватност или информации за правата на потрошувачите.
  • Невообичаени барања за плаќање, како што се:
    • поштенски уплати (money orders)
    • претплатени или припејд картички
    • повеќе различни PayID или банкарски сметки
    • барања за плаќање на непознати бизниси.
  • Пораки за испорака од Australia Post или курирска служба кога не очекувате пратка.

Измамите може да предизвикаат:

  • да ги загубите вашите пари
  • да добиете производ што не сте го нарачале
  • да бидат украдени вашите лични информации.

Продавање онлајн

Некои предупредувачки знаци за измами кои ги засегаат продавачите вклучуваат:

  • купувачи кои нудат премногу пари
  • барања за поврат на лажни преплати
  • Имајли во кои се тврди дека е извршено плаќање, иако средствата не се примени.

Заштита од измами

За да се заштитите од измамници, можете да:

  • проверувате ABN броеви на веб-страницата business.gov.au
  • внимавате на понуди кои се „премногу добри за да бидат вистинити“
  • избегнувате купување преку реклами на социјалните мрежи
  • ги проверувате веб-адресите за правописни грешки
  • читате независни коментари/оценки за бизнисот
  • разгледате стандардни малопродажни цени
  • користите PayPal или кредитна картичка
  • потврдите дека плаќањето е целосно извршено пред да ја испратите пратката.

Што да направите ако сте биле измамени

  1. Веднаш контактирајте ја вашата банка и блокирајте ги кредитните картички.
  2. Променете ги лозинките и тајните фрази.
  3. Контактирајте со IDCARE доколку се вклучени информации за идентитетот.
  4. Пријавете ја измамата на Scamwatch на веб-страницата scamwatch.gov.au/report-a-scam