Затворање на некористени апликации на телефон со Android

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Затворање на некористени апликации на телефон со Android“ (Closing unused apps on an Android phone). Ќе научите:

  • како да пронајдете отворени апликации на вашиот телефон
  • како да затворите една по една апликација или сите апликации одеднаш.

За апликациите

Кога се префрлате помеѓу апликации, тие можат да останат отворени во позадина. Затворањето на апликациите што не ги користите може да ги подобри перформансите на вашиот телефон и да го намали трошењето на батеријата.

Можете да ги затворите апликациите во секое време кога вашиот телефон е отклучен, без разлика дали користите апликација или веб-страница, проверувате пораки или телефонирате некому.

Затворање на некористени апликации на телефон со Android

Пронаоѓање и затворање апликации

Постојат два начина да проверите кои апликации се отворени на вашиот телефон, во зависност од вашиот Android модел.

  1. Виртуелно копче. Допрете на симболот на апликацијата Recents (Неодамнешни) на долниот дел од екранот. Симболот изгледа како три вертикални линии или квадрат.
  2. Navigation bar (Лента за навигација). Ставете го прстот на лентата, а потоа полека повлечете нагоре од дното, без да го тргнете прстот од површината на екранот, и застанете во средината.

Откако ќе допрете или поминете со прстот на телефонот, ќе се појави приказ со таблички на апликации. Секоја табличка претставува отворена апликација на вашиот телефон.

  1. Можете да поминете со прстот налево и надесно низ приказот за да ја пронајдете апликацијата што сакате да ја затворите.
  2. Повлечете ја табличката нагоре додека не исчезне од екранот за да ја затворите.
  3. За да ги затворите сите отворени апликации, допрете на Close all (Затворете ги сите) на долниот дел од екранот.