Користење на страничното копче (Side key) на телфон со Android
Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Користење на страничното копче на телефон со Android“ (Using the Side key on an Android phone). Ќе научите:
- каде да го најдете страничното копче на вашиот телефон
- како да го користите за вклучување или исклучување на телефонот и активирање на екранот
- како да направите слика од екранот, да ја отворите камерата и да пристапите до дигиталниот асистент.
Страничното копче обично се наоѓа на левиот или десниот раб на вашиот телефон, под копчињата за јачина на звук. Ова копче е познато и како Power button (Копче за вклучување). Во зависност од моделот на вашиот телефон, страничното копче може да извршува неколку функции.
Вклучување или исклучување на екранот
- Ако вашиот телефон е вклучен, притиснете го страничното копче еднаш кратко за да го исклучите и заклучите екранот.
- Ако вашиот телефон е исклучен или „спие“, притиснете го страничното копче еднаш кратко за да го разбудите и да се прикаже Lock screen (Заклучен екран).
Исклучете го или рестартирајте го телефонот
- Притиснете и задржете го страничното копче или страничното копче и копчето за Volume Down (намалување на јачината на звукот) заедно за да го отворите Power menu (менито за вклучување).
- Допрете на Restart (Рестартирајте) за да го рестартирате телефонот.
- Допрете на Power off (Исклучете) двапати за целосно да го исклучите.
- За повторно да го вклучите телефонот, притиснете и држете го страничното копче неколку секунди.
- Ќе се појави почетниот екран, проследен со Lock screen (Заклучен екран).
Направете „screenshot“ (снимка) од екранот
Можете да го користите страничното копче за да направите „screenshot“ од екранот, а тоа е слика од она што го гледате на екранот на вашиот телефон.
- Притиснете и држете ги страничното копче и копчето за намалување на јачината на звукот заедно околу една секунда.
- Екранот ќе трепне и, ако звукот е вклучен, ќе слушнете звук како од фотоапарат.
- Снимката од екранот автоматски ќе се зачува во апликацијата Gallery (Галерија) на телефонот.
Отворете ја апликацијата за камера
На многу модели на телефони со Android, можете двапати да го притиснете страничното копче за брзо да ја отворите камерата, дури и кога телефонот е заклучен.
Активирајте го Gemini
Gemini е дигиталниот помошник на вашиот телефон и може да ви помогне да испраќате пораки, да поставувате тајмери и да пребарувате на интернет само со зборување во телефонот.
Ако сте го поставиле Gemini, можете да го притиснете и држите страничното копче за да го активирате.
Ако притискањето на страничното копче не работи како што треба, можеби ќе можете да го прилагодите во вашата апликација Settings (Поставки).