Користење на портретен и пејзажен режим на телефон со Android

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот онлајн видео курсот „Користење на портретни и пејзажни режими на телефон со Android“ (Using portrait and landscape modes on an Android phone).

За ориентацијата на екранот

Информациите на екранот на вашиот телефонот со Android може да бидат прикажани на два различни начина, во зависност од тоа како го држите уредот. Промената на режимот или ориентацијата на екранот ви помага попрегледно да ја гледате содржината во зависност од тоа што правите.

Портретен режим. Екранот е исправен и е повисок отколку што е широк. Овој режим е корисен за прелистување на интернет, читање и користење на многу секојдневни апликации.

Пејзажен режим. Екранот е свртен странично и е поширок отколку што е висок. Ова е корисно за гледање видеа, играње некои игри или пишување кога е корисна поголема ширина.

Повеќето телефони со Android автоматски се префрлаат помеѓу портретна и пејзажна положба кога ќе го свртите телефонот.

Портретни и пејзажни режими на телефон со Android
Почетниот екран на вашиот телефон и некои апликации, како што се одредени банкарски апликации, работат само во портретен режим, без разлика дали опцијата Auto rotate (Автоматското вртење) е вклучена или исклучена.

Заклучување или отклучување на опцијата за вртење на екранот

Можете да изберете дали вашиот екран автоматски ја менува ориентацијата или таа останува фиксна со помош на Quick settings (Брзи поставки). Можете да пристапите до брзите поставки во секое време, дури и од Lock screen (Заклучен екран).

  1. За да ги отворите брзите поставки, повлечете надолу од горниот централен дел или од горниот десен агол на екранот, во зависност од вашиот модел на Android.
  2. За да го видите целиот приказ на брзите поставки, можеби ќе треба да ја допрете кратката лента на долниот дел од екранот за да го проширите менито.
  3. Побарајте го симболот за Auto rotate (Автоматско вртење). Тој изгледа како мал телефон со заоблени стрелки околу него и се појавува близу до врвот на приказот.
  4. Ако симболот е означен и ги прикажува зборовите „Auto rotate“, вашиот телефон автоматски ќе се префрла помеѓу портретна и пејзажна положба кога ќе го свртите.
  5. Ако претпочитате екранот да остане исправен, допрете на симболот така што ќе прикаже катанец и зборот „Portrait“.
  6. Допрете на симболот повторно за да се вратите на Auto rotate (Автоматско вртење).