Затворање на некористени веб-страници на телефон со Android

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Затворање на некористени веб-страници на телефон со Android“ (Closing unused websites on an Android phone). Во него се објаснува како да пронајдете отворени веб-страници во вашиот прелистувач и да ги затворите оние што повеќе не ги користите.

За табовите (јазичиња) на веб-страниците

Кога прелистувате на интернет на вашиот телефон со Android, секоја веб-страница се отвора во свој таб, слично на страниците во книга.

Затворањето на табовите, или веб-страниците, што повеќе не ги користите може да ги подобри перформансите на прелистувачот и да му помогне на вашиот телефон да работи непречено.

Затворање на некористени веб-страници на телефон со Android

Наоѓање и затворање веб-страници

  1. Во Apps screen (екранот со апликации), допрете го симболот на апликацијата Chrome за да го отворите веб-прелистувачот на вашиот телефон. Chrome е инсталиран на сите телефони со Android и изгледа како обоен круг.
  2. Пронајдете го симболот Tabs во горниот десен агол. Изгледа како мал квадрат со број. Бројот покажува колку веб-страници се отворени.
  3. Допрете го симболот Tabs за да видите мрежа со сликички. Секоја сликичка претставува отворена веб-страница на вашиот телефон.
  4. За да затворите една веб-страница, повлечете ја сликичката настрана или допрете на X во горниот десен агол на сликичката.

За да ги затворите сите отворени веб-страници одеднаш:

  1. Допрете на менито More (Повеќе) во горниот десен агол од екранот. Изгледа како три точки.
  2. Од менито што ќе се појави, допрете на Close all tabs (Затворете ги сите табови).
  3. Допрете на Close all tabs (Затворете ги сите табови) за да потврдите.
  4. Ќе се прикаже почетната страница на Chrome.