Затворање на некористени веб-страници на iPhone

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Затворање на некористени веб-страници на iPhone“ (Closing unused websites on an iPhone). Во него се објаснува како да пронајдете отворени веб-страници во вашиот прелистувач и да ги затворите оние што повеќе не ги користите.

За табовите (јазичиња) на веб-страниците

Кога прелистувате на интернет на вашиот iPhone, секоја веб-страница се отвора во свој таб, слично на страниците во книга.

Затворањето на веб-страниците што не ги користите може да му помогне на вашиот прелистувач да работи непречено и на вашиот телефон да работи најдобро.

Затворање на веб-страница на iPhone

Наоѓање и затворање веб-страници

  1. На почетниот екран (Home screen), допрете на симболот на апликацијата Safari за да го отворите веб-прелистувачот на вашиот телефон. Safari е инсталиран на сите iPhone уреди и изгледа како син компас.
  2. Пронајдете го симболот Tabs (Табови). Изгледа како два квадрати што се преклопуваат.
  3. Во зависност од моделот на вашиот iPhone, симболот може да се појави во долниот десен дел од екранот или во менито More (Повеќе), кое изгледа како три вертикални точки.
  4. Допрете го симболот Tabs или менито More проследено со All Tabs (Сите табови).
  5. Ќе се појави мрежа со сликички. Секоја сликичка претставува отворена веб-страница на вашиот телефон.
  6. Долу десно се наоѓа син симбол со знак за штиклирање, зборот Tabs и број на веб-страници што се моментално отворени.
  7. За да затворите една веб-страница, допрете на X во аголот од сликичката за да ја затворите.
  8. За да ги затворите сите отворени веб-страници одеднаш, допрете и држете со прстот на синиот симбол со знак за штиклирање додека не се појави мени.
  9. Допрете на Close All Tabs (Затворете ги сите табови), а потоа повторно допрете на Close All Tabs за да потврдите.
  10. Ќе се прикаже почетната страница на Safari.