Проверка на ограничувањето и потрошувачката на податоци на телефон со Android
Овој краток прирачник е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле во онлајн видео курсот „Проверка на ограничувањето и потрошувачката на податоци на телефон со Android“ (Checking your data limit and usage on an Android phone), вклучувајќи како да:
- проверите колку мобилни податоци сте потрошиле
- го поставите вашиот циклус на наплата и предупредувањето за потрошувачка на податоци
- видите кои апликации трошат најмногу податоци.
Пронаоѓање на вашата потрошувачка на податоци
Внимавањето на потрошувачката на вашите податоци може да ви помогне да избегнете неочекувани трошоци на сметката и да бидете сигурни дека нема да ги потрошите податоците пред да се обнови вашиот план. За да ја проверите вашата потрошувачка на мобилни податоци:
- Почнете од Apps screen (екранот Апликации) и допрете ја иконата Settings (Поставки).
- Во менито Settings (Поставки), допрете на Connections (Поврзувања).
- Допрете Data usage (Потрошувачка на податоци). На горниот дел од екранот, графикон со ленти прикажува колку податоци сте потрошиле во тековниот период.
- Допрете на Mobile data usage (Потрошувачка на мобилни податоци) за да видите преглед на тоа кои апликации потрошиле најмногу податоци.
Бројката за податоци на вашиот телефон е проценка и можеби не се совпаѓа точно со она што го евидентира вашиот мобилен оператор. За најточно отчитување, проверете ја апликацијата на вашиот мобилен оператор.
Поставување предупредување за потрошувачка на податоци
Некои телефони со Android можат да ви испратат предупредување кога се приближувате до ограничувањето на податоците, за да избегнете непријатни изненадувања. За да ги поставите овие предупредувања, започнете со поставување на вашиот циклус на наплата. Ова е датумот кога вашиот мобилен план и ограничувањето на податоците се ресетираат секој месец.
- На екранот за Mobile data usage (Потрошувачка на мобилни податоци), допрете ја иконата Settings (Поставки) во горниот десен агол.
- Допрете на Start billing cycle on (Започни го циклусот на наплата).
- Прелистајте низ датумите за да го изберете датумот на обнова на вашиот план. Ако не сте сигурни за датумот, проверете ја апликацијата на вашиот мобилен оператор или вашата последна сметка.
- Допрете на Set (Постави).
- Вклучете го прекинувачот до Set data warning (Постави предупредување за потрошувачка на податоци).
- Допрете на Data warning (Предупредување за потрошувачка на податоци) и внесете количина што е малку помала од вашето месечно ограничување.
- Допрете на Set (Постави).
Вашиот телефон сега ќе испрати известување кога ќе се приближите до вашето ограничување (лимит).
Исто така, постои опција наречена Set data limit (Постави ограничување на податоците). Ако ја вклучите таа опција, мобилните податоци автоматски ќе се исклучат кога ќе ја достигнете избраната количина, што може да биде корисно ако се грижите дека ќе го надмините ограничувањето.