myGov и финансиски апликации
Од неделното пазарување, до плаќање сметки или проверка на вашата myGov сметка, апликациите помагаат да се олесни речиси сè.
Научете како да пристапите до државни услуги како што се услугите на порталот myGov, да ги извршувате вашите банкарски работи, да плаќате сметки и да добивате доставени оброци и намирници, сè преку апликација.
Пред да започнете
Многу од апликациите во овој курс бараат да внесете важни лични податоци како што се банкарски податоци или документи за идентификација. Треба да ги користите овие апликации само кога сте поврзани на домашната Wi-Fi мрежа или мобилна мрежа за пренос на податоци. Никогаш не ги користете апликациите кога сте поврзани на јавна Wi-Fi мрежа. Исто така, секогаш треба да бидете свесни за тоа кој може да го види екранот на вашиот уред преку вашето рамо.
Апликации за државни услуги
Порано, мораше да одите во државна установа за да пристапите до нивните услуги, но сега можете да користите апликација:
- Преземете ја официјалната апликација myGov од официјалната продавница за апликации на вашиот уред.
- Поставете ја апликацијата користејќи ги податоците од вашата myGov сметка.
Другите апликации за државни услуги се специфични за секоја држава (на пр. ServiceNSW и Service Victoria). Можете да ги користите апликациите за државни услуги за:
- Чување на документи за идентификација, како што е дигитална копија од вашата возачка дозвола.
- Добивање информации за ваучери, настани и природни катастрофи.
- Управување со регистрацијата на вашиот автомобил.
- Проверување на статусот на вашата возачка дозвола.
- Да проверите дали имате казнени поени.
Доколку имате проблем или прашање, секогаш можете да се јавите во myGov на 132 307 или во службата за услуги во вашата држава и да разговарате со некого за помош.
Ако престанете да користите некоја апликација или таа не ви се допаѓа, треба да ја отстраните од вашиот уред, за да не може апликацијата повеќе да пристапува до вашите лични податоци, а ќе бидат одземени сите дозволи кои на апликацијата ѝ биле дадени.
Банкарски апликации
Можете да ја користите официјалната апликација на вашата банка за да пристапите до вашите пари каде и да сте. Речиси сите банки денес нудат апликација, затоа јавете се во вашата банка за да видите дали имаат достапна апликација. Можете да ја користите вашата банкарска апликација за да:
- Го проверите салдото (balances) на вашите сметки
- Префрлувате пари помеѓу вашите сметки
- Плаќате сметки преку BPAY
- Испраќате пари до други користејќи BSB/број на сметка или PayID
- Заштитете ја вашата банкарска апликација користејќи го вашиот отпечаток од прст или FaceID
- Јавете се во вашата банка директно од апликацијата.
Апликации за плаќање
Можете да користите апликации за плаќање како алтернатива на вашата главна банкарска сметка, особено кога плаќате мали суми. Ова може да биде едноставно како користење готовина, но со безбедноста на апликацијата.
- PayPal е апликација за плаќање на мали суми и купување работи преку интернет.
- Можете да испраќате пари до пријател користејќи PayPal и само неговата имејл адреса.
- Апликација како што е Splitwise ви помага да ги поделите сметките во ресторан или додека сте на одмор.
- Кога внесувате износи во Splitwise, апликацијата автоматски го пресметува износот што секој во групата треба да го плати.
Поставувањето и користењето на апликациите за плаќање се одвива во неколку чекори. Можете да дознаете повеќе за услугите поврзани со овие апликации во курсот Како да платите онлајн.
Апликации за супермаркети
Можете да користите апликација за да нарачате намирници од супермаркетот и да ги подготват вие да ги земете или да ги достават до вашиот дом:
- Апликациите за супермаркети ви овозможуваат да пазарите користејќи го вашиот уред.
- Допрете ги артиклите за да ги додадете во вашата кошничка, а потоа изберете датум и време за да ви бидат доставени.
- Исто така, можете да одберете артиклите да бидат подготвени за директно товарење во багажникот на вашиот автомобил или во количка на шалтерот за услуги ако не користите автомобил.
- Некои апликации за супермаркети вклучуваат неделен каталог со попуст на цени, така што можете да купувате артикли по намалени цени.
- Времето на испорака е обично следниот ден, но можете да платите дополнително за испорака во рок од два часа.
- Прашајте во вашиот локален супермаркет која апликација ви е потребна за да купувате таму.
Апликации за достава на оброци
Можете да користите апликација за достава на оброци од вашиот омилен локален ресторан:
- Примери за тоа се Uber Eats и DoorDash.
- Изберете омилен ресторан во апликацијата и нарачајте оброк.
- Возачот ќе го донесе оброкот до вашата врата што е можно поскоро, или можете да го назначите времето на достава.
- Апликацијата наплаќа надомест за услуга, обично 1,5%, и надомест за достава врз основа на оддалеченоста, од 3 до 8 долари.
- Откако ќе ја користите неколку пати, апликацијата за достава ќе почне да дава препораки за нови ресторани врз основа на вашите претходни нарачки.