Ресетирајте го вашиот Apple компјутер за да го направите безбеден и подготвен да започнете одново.
Научете како да го ресетирате претходно користениот компјутер на Apple што ви е даден на трајно користење од член на семејството или пријател. Ресетирањето го брише компјутерот и ги отстранува деталите на претходниот сопственик за да можете да го направите да биде ваш.
Пред да го ресетирате компјутерот, треба да го имате инсталирано најновиот оперативен софтвер. Ако вашиот компјутер не работи со Ventura macOS, некои од чекорите во овој курс можеби недостасуваат или изгледаат малку поинаку на вашиот компјутер, но сепак можете да ги следите.
Вашиот компјутер треба да биде приклучен во електрична струја, да е вклучен и да го прикажува екранот за најавување - Login screen. Треба да биде правилно поврзан со глувчето и тастатурата и со вашата домашна Wi-Fi мрежа.
Ќе ви треба претходниот сопственик на компјутерот за неколку чекори во ресетирањето, затоа проверете дали тој/таа е достапен кога ќе бидете подготвени да го започнете курсот. Пред да започнете со овој курс, претходниот сопственик исто така треба да ги отстрани неговите/нејзините лични датотеки или да направи резервна копија на истите и да се одјави од сите сметки користејќи го својот Apple ID и лозинка.
Ако видите екран кој бара од вас да ја потврдите вашата земја (confirm your country), вашиот компјутер е веќе ресетиран и можете да одите на следниот курс, наречен Поставување на вашиот нов десктоп компјутер на Apple.
Ако го видите екранот за најавување (Login screen) на претходниот сопственик, треба да го ресетирате компјутерот.
Побарајте од претходниот сопственик на компјутерот да ја внесе лозинката на екранот за најавување, Login, за вас. Откако ќе се најавите на компјутерот:
Кога процесот ќе заврши, ќе видите екран со барање да ја изберете вашата локација. Вашиот компјутер, кој претходно бил во сопственост на некој друг, сега е ресетиран и подготвен за поставување. Можете да научите како да го направите ова во курсот Поставување на вашиот нов десктоп компјутер на Apple.