Десктоп на Apple: Безбедност и приватност
Оперативниот софтвер на вашиот Apple компјутер е многу безбеден, со многу функции кои помагаат да се заштитат вашите лични податоци и приватноста.
Научете како безбедно да се најавите на вашиот компјутер, да го заклучите компјутерот и да проверувате дали има ажурирања на софтверот.
Пред да започнете
Проверете дали вашиот компјутер е:
- Приклучен во електрична струја, е вклучен и го прикажува десктопот (работната површина)
- Правилно поврзан со глувчето и тастатурата и со вашиот домашен Wi-Fi
- Работи со најновата верзија на неговиот оперативен софтвер. Ако вашиот компјутер не работи со Ventura macOS, некои од чекорите може да изгледаат поинаку, но сепак можете да ги следите.
Како да се најавите (sign in) на вашиот компјутер
Треба да се најавите на вашиот Apple компјутер пред да можете да го користите:
- Користете ја сметката и лозинката што сте ги создале кога првпат сте ја поставиле сметката.
- Името и сликата на вашата сметка се појавуваат во средината на екранот Sign In.
- Внесете ја вашата лозинка во полето подолу и притиснете Enter.
Лозинката е како клуч. Вашата лозинка го заклучува вашиот компјутер, така што никој друг не може да го користи.
Како да го заштитите вашиот компјутер
Важно е да го чувате вашиот компјутер безбеден и има неколку опции кои ќе ви помогнат да го направите тоа.
Исклучување (Shut Down)
- Исклучувањето на компјутерот кога ќе завршите со неговото користење ги спречува другите да можат да пристапат до вашите датотеки.
- Зачувајте ги датотеките и затворете ги апликациите пред да го исклучите.
- Кликнете на иконата Apple во горниот лев агол на екранот за да го отворите менито на Apple, а потоа кликнете на Shut Down…
Мирување (Sleep)
- Компјутерот автоматски ќе премине во состојба на мирување, Sleep, ако не го користите одредено време.
- Кликнете Sleep во Apple menu за рачно да го ставите компјутерот во мирување. За да го разбудите, Wake, компјутерот, притиснете кое било копче.
- Ако вашиот компјутер мирувал помалку од пет минути, нема да треба да ја внесувате лозинката. Во спротивно, компјутерот ќе се заклучи и ќе треба повторно да се најавите со вашата лозинка.
Заклучување (Lock)
- Одредете го времето на заклучување со помош на System Settings во Apple menu.
- Во полето на System Settings, кликнете на Lock Screen за да видите некои опции.
- Веднаш до Require password after screensaver begins or display is turned off, можете да изберете време што ви одговара.
- Пократко одложување е посигурно, затоа изберете 1 минута.
- За да ја потврдите оваа поставка, внесете ја лозинката за вашата сметка и потоа кликнете Modify Settings.
Проучување на компјутерски известувања
Вашиот компјутер, други апликации и некои веб-страници повремено ќе ви испраќаат известување (notifications):
- Повеќето известувања исчезнуваат по кратко време.
- Ставете го глувчето над известувањето за да ги видите опциите како што се Show (прикажи) или Read Story (прочитај статија).
- Кликнете само на известувањата на кои им верувате.
- Ако игнорирате известување, тоа нема да му наштети на вашиот компјутер.
Како да го одржувате вашиот компјутер ажуриран
Можете да го поставите вашиот компјутер автоматски да го ажурира оперативниот софтвер:
- Отворете го Apple menu и одберете System Settings.
- На левата страна во полето System Settings, изберете General .
- Кликнете на Software Update и побарајте Automatic Updates (автоматско ажурирање).
- Проверете дали ова е вклучено на On.
- Ако е исклучено, кликнете на иконата за информации и кликнете на сите прекинувачи во полето што се појавува.
- Кога ќе се инсталира важна нова верзија (update) на системот, ќе треба да го рестартирате компјутерот.
- Вашиот компјутер испраќа известување кога тоа е потребно да се направи.
- Во известувањето, кликнете Options за да го одложите рестартирањето на вашиот компјутер.
- Кликнете Restart за да започнете со инсталирање на новата верзија.
- Ќе треба да ја внесете лозинката на вашиот компјутер.
Безбедно е да кликнете на известувањата за MacOS, но внимавајте на лажни известувања. Вистинското известување за macOS никогаш нема да ве праша за вашите лични информации или да ве упати на веб-страница на трета странка.
Како да се заштитите од вируси
Важно е да ги заштитите вашите датотеки, лозинки и компјутер од вируси и други онлајн закани:
- Вашиот компјутер доаѓа со вградено обезбедување за да ви помогне да ги зачувате вашите информации и датотеки безбедни.
- Антивирусниот софтвер може да обезбеди дополнително обезбедување и исто така може ги да заштити некои од вашите други уреди.
- Повеќето антивирусни софтвери можете да ги пробате бесплатно, но проверете ги тековните трошоци пред да се регистрирате.
- Дознајте повеќе за антивирусен софтвер во курсот Користење антивирусен софтвер
Како да ја заштитите вашата веб-камера
Ако вашиот компјутер има веб-камера, ќе видите мал круг во средината на горниот дел од екранот:
- Мало светло обично се вклучува веднаш до веб-камерата кога камерата е активна, но тоа може да не се случува секогаш.
- Малку е веројатно, но некој би можел да пристапи до камерата од далечина.
- За да се заштитите од ова, ставете самолеплива лента преку камерата кога не ја користите.