Десктоп на Apple: Пристапност

Направете го вашиот Apple компјутер полесен и подобар за користење.

Научете како да го направите текстот на екранот полесен за читање, како да ја приспособите големината и брзината на покажувачот на глувчето и како да користите гласовни команди со Siri.

Пред да започнете

Проверете дали вашиот компјутер е:

  • Приклучен во електрична струја, е вклучен и го прикажува десктопот (работната површина)
  • Правилно поврзан со глувчето и тастатурата и со вашиот домашен Wi-Fi
  • Работи со најновата верзија на неговиот оперативен софтвер. Ако вашиот компјутер не работи со Ventura macOS, некои од чекорите може да изгледаат поинаку, но сепак можете да ги следите.
Пристапност на десктоп компјутер на Apple

Како да ја смените големината на текстот

Користете ги системските поставки, System Settings, за да промените голем број поставки за пристапност на вашиот компјутер:

  • Отворете System Settings од иконата Apple во горниот лев агол на екранот.
  • Одете надолу по списокот со опции на левата страна од полето за системски поставки за да најдете Displays.
  • Поголем до помал текст е прикажан во ред од квадратни икони на екранот.
  • Кликнете на секоја икона за да видите колку голем текст се појавува на екранот.
  • Default (стандардно) е втората икона оддесно.
  • Менито за пристапност, Accessibility menu, има многу други опции кои вреди да се истражат.

Како да ја смените големината и брзината на покажувачот на глувчето

Ако имате проблем да го видите покажувачот на глувчето, можете да го зголемите и да го направите да се движи побавно:

  • Отворете го менито за пристапност, Accessibility menu, и изберете Display.
  • Одете надолу додека не ги видите опциите за покажувачот, Pointer options.
  • Кога полето до опцијата е сино, опцијата е вклучена.
  • Првата опција ви овозможува брзо да го пронајдете покажувачот на глувчето.
  • Следната опција ви овозможува да ја зголемите големината на покажувачот со помош на лизгач.
  • За да ја промените брзината на глувчето, користете ги опциите за глувчето, Mouse options, во полето Settings.
  • Tracking speed ја менува брзината на движење на покажувачот на екранот, користејќи лизгач.
  • Штом ќе го поместите лизгачот, се поставува новата брзина на покажувачот на глувчето.

Како да користите Siri

Можете да промените некои од поставките на автоматскиот гласовен асистент на вашиот компјутер, Siri:

  • Отворете го полето System Settings и кликнете на опциите Siri & Spotlight.
  • Ако Ask Siri е сино, функцијата е овозможена.
  • Ако Ask Siri е сиво, кликнете на него за да го вклучите. Прозорецот што се појавува ве потсетува дека Siri споделува некои информации со Apple.
  • Кликнете Siri Privacy… ако сакате да дознаете повеќе за ова или откажете на Cancel ако не сакате да користите Siri.
  • Ако Apple побара да ги зачува вашите гласовни снимки, можете да кликнете на Not Now (не сега).
  • Кликнете на Listen for “Hey Siri” и следете ги чекорите за да го поставите „Hey Siri“.
  • Ако не можете да го видите Listen for “Hey Siri”, вашиот компјутер не ја поддржува оваа функција, но сепак можете да користите Siri за да пребарувате работи на интернет, да отворите апликација, да диктирате имејл и многу други работи.
  • Вклучете Siri со кликнување на иконата Siri во горниот десен агол на екранот.