Што е паметен телефон (smartphone)?
Овој краток водич е референтна алатка која ќе ви помогне да го освежите вашето знаење или да го вежбате она што сте го научиле во онлајн курсот Што е паметен телефон (smartphone)?, вклучувајќи:
- делови на паметен телефон
- како да користите екран на допир (touchscreen)
- како да изберете план за мобилен телефон.
Современиот паметен телефон е компјутер што можете да го носите во вашиот џеб. Со него можете да правите повеќе отколку само да телефонирате (иако сè уште и тоа можете да го правите); можете да го користите и за пребарување на интернет, играње игри, видео разговори со други луѓе, слушање музика, плаќање сметки и многу други работи.
Делови на паметен телефон
Главните делови на паметниот телефон се:
- Екранот на допир (touchscreen). Тој зазема поголем дел од лицето (предниот дел) на паметниот телефон. Екранот на допир ви покажува што се случува на телефонот и ви овозможува да го контролирате со врвовите на прстите.
- Контролите за јачината на звукот. Тие обично се наоѓаат на страната на телефонот. Притиснете го горното копче за да ја зголемите јачината на звукот и притиснете го долното копче за да ја намалите јачината на звукот.
- Копчето за вклучување. Тоа обично се наоѓа на страната на вашиот телефон. Ако вашиот телефон не се користи подолго време, екранот може да се исклучи. Ова е познато како Sleep mode. За повторно да го вклучите телефонот, притиснете го копчето за вклучување еднаш.
- Камерите. Постои мала камера веднаш над екранот. Таа се користи за видео разговори и правење фотографии наречени „селфи“. Една или повеќе камери на задната страна на телефонот се користат за фотографирање и снимање видеа, исто како камера.
Некои паметни телефони имаат физичко копче Home button под екранот. Наместо да го притиснете копчето за вклучување за да го вклучите екранот на телефонот, можете да го притиснете Home button.
Како да вклучите и исклучите паметен телефон
За да го вклучите паметниот телефон, треба да го притиснете копчето за вклучување, кое ќе се наоѓа на страната на телефонот. Во зависност од моделот на вашиот телефон, ќе треба да го притиснете и држите копчето за вклучување или копчето за јачина на звук додека на екранот не се појави мени. Допрете ја или повлечете ја со прст опцијата за исклучување за да го исклучите телефонот.
Како да го наполните телефонот
Телефонот има вградена батерија и ќе треба редовно да ја полните со приклучување на телефонот во полнач, а потоа приклучување на полначот во електричната струја.
Повеќето телефони имаат батерија која ќе трае цел ден, но најмногу до два дена. Добра идеја е да стекнете навика да го полните вашиот паметен телефон секоја вечер додека спиете за да го искористите максимално следниот ден.
Како да го користите екранот на допир
Користете го телефонот со допирање и повлекување со прстот преку екранот. Можете да правите различни работи со некои специфични потези со прстот:
- Допрете за да изберете ставка на екранот.
- Повлечете за да се движите хоризонтално или вертикално помеѓу екраните или за да активирате одредени контроли.
- Пребарувајте (Scroll) за да се движите нагоре и надолу низ документ или веб-страница. Направете го тоа така што ќе притиснете со два прста на екранот и лизгајте ги нагоре или надолу.
Како да отворите апликации
Одете на почетниот екран на телефонот и допрете икона за да ја отворите соодветната апликација.
Избор на план за мобилен телефон
За да остварувате повици и да користите интернет додека сте излезени од дома, ќе треба да купите план за мобилен телефон што ќе го користите со вашиот паметен телефон:
- Планот ќе вклучува количина на повици измерени во минути и количина на податоци измерени во гигабајти.
- Повеќето планови со умерени цени нудат неограничен број повици и пораки, но ограничен број на податоци.
- Само најскапите планови имаат неограничени податоци.
- Повиците во странство ќе чинат дополнително, или вашиот план може да вклучува неколку минути повици во одредени земји.
Користењето мобилен телефон за да се јавите во странство е скапо, но за среќа апликациите како FaceTime и Google Meet ви дозволуваат да остварувате бесплатни видео повици. Овие апликации ќе го искористат вашиот додаток за податоци, па затоа е најдобро да ги остварувате вашите повици дома каде што ќе можете да користите податоци од вашиот домашен Wi-Fi, што е многу поевтино од користење на мобилен интернет (mobile data).
Совети за избор на план
При изборот на план за мобилен телефон, земете ги предвид следниве совети:
- Однапред платен (prepaid) или BYO план има тенденција да биде поевтин затоа што не плаќате за уредот во исто време.
- Ако остварувате многу повици во Австралија, планот со неограничени повици може да биде малку поевтин од вашиот стар план за фиксна телефонија.
- Ако не го користите телефонот за интернет додека сте надвор, изберете план што доаѓа со мала количина на податоци и поврзете го паметниот телефон со домашната Wi-Fi мрежа за да користите интернет дома.