Како да блокирате број на iPhone
Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да блокирате број на iPhone“ (How to block a number on iPhone).
Чекор по чекор
Може да наместите вашиот iPhone автоматски да одбива повици и текстуални пораки од одредени телефонски броеви.
- На почетниот екран Home, допрете го симболот за Телефон за да ја отворите апликацијата за телефон.
- Пронајдете го симболот Recent (Неодамнешни) на дното. Тој изгледа како часовник.
- Екранот Recent прикажува список на луѓето или телефонските броеви што се јавиле, при што најскорешниот е на врвот.
- Пронајдете го бројот што сакате да го блокирате и допрете го синиот знак i десно од него.
- Од опциите што се појавуваат, пребарувајте за да ја најдете опцијата Block this Caller (Блокирај го овој повикувач), која е црвена. Допрете ја.
- Во квадратот што ќе се појави, допрете Block Contact (Блокирај контакт) за да потврдите дека не сакате повеќе да примате телефонски повици, пораки или видео-повици преку Facetime од тој повикувач.
- Квадратот се затвора и на дното од листата се појавува „Unblock this Caller (Одблокирај го овој повикувач)“ во сина боја.
- Ако се премислите, допрете го ова за да го одблокирате бројот и повикувачот ќе може повторно да ви се јавува.