Како да блокирате број на Android телефон
Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да блокирате број на Android телефон“ (How to block a number on an Android phone).
Чекор по чекор
Можете да наместите вашиот Android телефон автоматски да одбива повици и текстуални пораки од одредени телефонски броеви.
- На почетниот екран Home, допрете го симболот за Телефон за да ја отворите апликацијата за телефон.
- Во горниот десен агол, допрете го менито More (Повеќе). Toa изгледа како три вертикално поставени точки.
- Од листата што ќе се појави, допрете Settings (Поставка).
- На листата на опции допрете Block numbers (Блокирај броеви).
- За да блокирате некој што неодамна се јавил, допрете Recents (Неодамнешни).
- На листата најдете го името на повикувачот што ве вознемирува и допрете го за да го изберете.
- Допрете Done (Готово) на дното од екранот.
- Бројот на повикувачот се појавува во листата на блокирани повикувачи и тој нема да може да ве контактира.
- За повторно да примате повици и текстуални пораки од блокиран повикувач, допрете го црвениот знак „минус“ до бројот, за да го отстраните од вашата листа на блокирани повикувачи.