Како да блокирате електронска пошта (email) во Yahoo Mail
Ова кратко упатство е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да блокирате е-пошта во Yahoo Mail“ (How to block an email in Yahoo mail).
За Yahoo mail
Можете да ја користите вашата апликација за веб-пошта на Yahoo за да блокирате несакани електронски пораки од некој испраќач.
Блокирањето на несакани електронски пораки помага да го одржите вашето сандаче средено и само за пораки што ви се важни.
Следниот пример користи Yahoo Mail во прелистувачот (browser) Chrome на компјутер. Чекорите се слични како на мобилен уред.
Чекор по чекор
- За да ја отворите пораката, во дојдовното сандаче (Inbox) кликнете на електронска порака од испраќачот кој сакате да го блокирате.
- Кликнете на менито More (Повеќе) во горниот десен агол. Toa изгледа како три хоризонтално поставени точки.
- Од листата што се отвора надолу (dropdown list), кликнете на Block senders (Блокирај испраќачи).
- Ќе се појави квадрат со електронската адреса на испраќачот. Кликнете на копчето OK за да ги избришете постоечките електронски пораки и да ги блокирате сите идни пораки од испраќачот.
- Yahoo ќе ја отстрани електронската пошта од вашето сандаче и идните пораки од тој испраќач автоматски ќе ги праќа во вашата папка Junk (несакана пошта).
Испраќачот нема да знае дека сте го блокирале и може да поминат неколку дена пред да престанете да добивате несакани имејли од него.