Споделување фотографии од iPhone на Windows компјутер

Ова кратко упатство е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Споделување фотографии од iPhone на Windows компјутер“ (Sharing photos from your iPhone to a Windows Computer), вклучувајќи:

  • како да испратите фотографија од апликацијата Photos (Фотографии) на iPhone преку Gmail
  • како да ја видите споделената фотографија во Gmail на Windows компјутер
  • како да зачувате фотографија на Windows компјутер.

Испраќање фотографија од iPhone преку Gmail

  1. Отворете ја апликацијата Photos (Фотографии) на вашиот iPhone.
  2. На дното од екранот, проверете дали е избрано All (Сè) за да ги видите сите ваши фотографии.
  3. Изберете ја фотографијата што сакате да ја испратите и допрете ја за да ја отворите на цел екран.
  4. Во долниот лев агол од фотографијата, допрете го симболот Share (Сподели). Личи на квадрат со стрелка.
  5. Фотографијата ќе има мал син знак за штиклирање, што покажува дека е избрана. Можете да повлечете налево или надесно и да допрете за да изберете дополнителни фотографии.
  6. Кога сте подготвени, допрете го симболот на Gmail од опциите за споделување. Ако не го гледате, повлечете налево или надесно низ опциите за да го пронајдете.
  7. Апликацијата Gmail ќе се отвори со нов нацрт на електронска порака и прикачена (attached) фотографија.
  8. Во полето To (До), внесете ја вашата Gmail адреса, за да си ја испратите фотографијата себеси.
  9. Додајте тема (subject) ако сакате и допрете ја сината стрелка Send (Испрати).
Споделување фотографии од iPhone на компјутер

На Windows компјутер

  1. Отворете Gmail во веб-прелистувач (web browser) на компјутерот и пронајдете ја електронската порака што сте ја испратиле сами на себе. Треба да биде на врвот од дојдовното сандаче (inbox) означено from me (од мене).
  2. Кликнете на пораката за да ја отворите и да ја прегледате прикачената фотографија.
  3. Со глувчето, кликнете со десното копче додека покажувачот е на фотографијата и изберете Open image in new tab (Отвори слика во нов таб) за да ја видите сликата во полна големина.
  4. Повторно кликнете со десното копче на фотографијата и изберете Save image as… (Зачувај слика како…).
  5. Во панелот File Explorer (Пребарувач на датотеки) изберете каде да ја зачувате фотографијата. На пример, во папката Pictures (Слики).
  6. Во полето File name (Име на датотека) внесете име за фотографијата и кликнете Save (Зачувај).
  7. За да потврдите дека фотографијата е зачувана, отворете File Explorer и кликнете на папката Pictures за да ја видите.
Не треба да стартувате антивирус кога гледате фотографија во вашиот веб-прелистувач (browser). Тоа е затоа што прелистувачот го штити вашиот компјутер со тоа што не ја презема фотографијата.