Вовед во апликацијата Medicare Express Plus

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Вовед во апликацијата Medicare Express Plus“ (Introduction to the Medicare Express Plus app), вклучувајќи:

  • како да ја барате апликацијата во Google Play Store
  • како да ја преземете (download), инсталирате и најдете апликацијата на вашиот телефон.

Започнување со апликацијата Medicare

Апликацијата Medicare е практичен начин за завршување на секојдневни работи со Medicare од вашиот мобилен уред. Вие може:

  • да ја проверувате историјата на вашите побарувања
  • да ги менувате личните податоци
  • да ја видите вашата евиденција на вакцинација
  • да ја видите вашата Medicare картичка на екранот на вашиот телефон.

Апликацијата Medicare може бесплатно да ја преземете од официјалната продавница за апликации (app store) за вашиот уред. Оваа демонстрација користи Android телефон, а чекорите се слични на iPhone.

Апликација Medicare

Како да ја преземете и инсталирате апликацијата Medicare

  1. На почетниот екран Home допрете го симболот Google Play Store за да ја отворите апликацијата Play Store.
  2. Допрете го симболот на лупа во долниот десен агол, за да започнете со пребарување.
  3. Во Search bar (лентата за пребарување), напишете Medicare app.
  4. Од резултатите што се покажуваат, побарајте го симболот Express Plus Medicare. Така се вика апликацијата во Google Play Store.
  5. Допрете го симболот на апликацијата за да видите информации за апликацијата. Проверете дали developer (развивач) е Services Australia за да сте сигурни дека станува збор за точна апликација.
  6. Допрете го копчето Install (Инсталирај) за да ја преземете апликацијата на вашиот уред.
  7. Откако ќе заврши преземањето, можете да допрете Open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата.
  8. За да ја отворите апликацијата во друго време, најдете ги симболот на Medicare на Apps screen (екранот со апликации) на вашиот уред и допрете го симболот.