Како да поднесете барање преку апликацијата Medicare Express Plus

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Како да поднесете барање со користење на апликацијата Medicare Express Plus“ (How to make a claim using the Medicare Express Plus app), вклучувајќи:

  • како да се подготвите за поднесување на барање
  • како да прикачите (upload) документи за вашето барање
  • како да го финализирате и поднесете вашето барање.

Започнување со апликацијата Medicare

Пред да поднесете барање преку апликацијата Medicare, проверете дали:

  • имате отворено сметка на myGov
  • вашата myGov сметка е поврзана со Medicare преку веб-страницата на myGov
  • myGov PIN.

Оваа демонстрација користи Android телефон, а чекорите се слични на iPhone.

Поднесување барање преку апликацијата Medicare

Подготовка на барање

За почеток:

  1. На екранот со апликации допрете го симболот за Medicare за да ја отворите апликацијата.
  2. На екранот Welcome back (Добредојдовте назад), допрете го зеленото копче Sign in as yourself (Најавете се себеси).
  3. Внесете го вашиот myGov PIN и допрете Sign in (Најави се) и отворете го главното мени.
  4. Под Claims (Побарувања), допрете го зеленото копче Make a claim (Поднеси барање).
  5. Апликацијата ќе ве води низ процесот на барање, почнувајќи со информациите што треба да ги имате подготвени, како што се фактура (invoice) и доказ и плаќање. Допрете Start (Започни).
  6. Ќе се појави Important notice (Важно известување); допрете Accept (Прифати) за да продолжите.
  7. Апликацијата ќе постави прашања во врска со вашето барање. Одговорете со допирање на Yes (Да) или No (Не), а потоа допрете Next (Следно) за да преминете на следниот екран.
Одбегнувајте да го притискате копчето Back (Назад) за време на процесот на поднесување барање, бидејќи тоа може да ве врати на Home page (Почетната страница) и ќе треба поднесувањето на барањето да го почнете одново.

Поднесување (Uploading) на документ

  1. Прочитајте ги условите за поднесување на документи за доказ за плаќање и допрете Upload a document (Поднеси документ) кога ќе бидете подготвени да започнете.
  2. Ќе се прикаже квадрат (pop up) File Chooser (Избирач на датотеки): изберете Media Picker (Избирач на медиуми) за да прикачите документ што е зачуван на вашиот телефон или Camera (Камера) ако треба да фотографирате документ на хартија.
  3. За документ на хартија, користете ја камерата на вашиот телефон за да го снимите документот, обезбедувајќи дека е рамен и во рамката.
  4. Откако ќе ја направите фотографијата, допрете OK за да ја прикачите (upload).
  5. Ако фотографијата е нејасна, допрете Retry (Обиди се повторно) за повторно да го снимите документот и, кога ќе бидете задоволни, допрете OK.
  6. По прикачувањето, можете да додадете повеќе документи, да го избришете прикачениот документ или да допрете Next (Следно) за да продолжите.

Финализирање на вашето барање

  1. Во вашиот документ за доказ за плаќање, пронајдете го и внесете го provider number (бројот на давателот на услуги) и допрете Next (Следно).
  2. Од вашиот документ за доказ за плаќање, внесете го item number (бројот на артиклот), датумот на услугата и износот што сте го платиле.
  3. На екранот може да се прикажат податоци за бројот на артиклот; повлечете со прстот за да го проверите и да се осигурате дека одговара на вашата услуга. Допрете Next (Следно).
  4. Ако бројот на артиклот не ги вклучил опциите наведени на овој екран, повторно допрете No (Не) и Next (Следно).
  5. Прегледајте го резимето на барањето и проверете дали сите детали се точни. Допрете Edit (Промени) ако некои информации треба да се променат.
  6. Кога ќе бидете подготвени, допрете Submit (Поднеси).
  7. Екранот за потврдување ќе го потврди поднесувањето на вашето барање и ќе прикаже Claim ID (број на барањето) заради идна употреба.
  8. Допрете Download claim summary (Преземи резиме на барањето) за да зачувате или испечатите PDF документ на вашето барање.
  9. Вратете се на почетната страница Home со допирање на копчето за затворање (означено со X) во горниот десен агол.
Проверете ги сите информации двапати пред да поднесете барање, за да се осигурате дека вашето барање е обработено правилно и без одложувања.