Користење на почетното копче (Home button) на телефон со Android

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Користење на почетното копче (Home button) на телефон со Android“ (Using the Home button on an Android phone).

За почетното копче (Home button)

Почетното копче (Home button) го отвора почетниот екран (Home screen), што е главното место за пристап до апликации и функции на вашиот телефон. Ако некогаш не сте сигурни каде се наоѓате, почетното копче е најбрзиот начин да се вратите на вашата почетна точка.

Можете да го користите почетното копче секогаш кога вашиот телефон е отклучен, без разлика дали сте во апликација или на веб-страница, проверувате порака или сте на телефонски повик.

Почетното копче на телефон со Android

Користење на почетното копче

Постојат два вида на почетно копче, во зависност од моделот на вашиот телефон со Android.

  1. Virtual button (Виртуелно копче). Побарајте три симболи на долниот дел од екранот. Средното копче е почетното копче и изгледа како мал круг или квадрат со заоблени агли. Допрете на него за да го отворите почетниот екран.
  2. Navigation bar (Лента за навигација). Ставете го прстот на лентата на долниот дел од екранот, а потоа повлечете нагоре за да го отворите почетниот екран.
На многу модели на телефони со Android, можете да го промените начинот на пристап до почетното копче преку апликацијата Settings (Поставки).