Проверка за нови верзии на софтверот на телефон со Android
Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Проверка за нови верзии на софтверот на телефон со Android“ (Checking for software updates on an Android phone). Ќе научите како:
- да ги пронајдете информациите за софтверот на вашиот телефон и да проверите дали се достапни нови верзии
- да инсталирате нови верзии на софтверот.
За нови верзии на софтверот
Одржувањето на софтверот на вашиот телефонот со најновата верзија може да ги подобри перформансите на уредот, да ги отстрани безбедносните ризици и да ги обезбеди најновите функции. Кај повеќето телефони, инсталирањето нови верзии на софтверот се извршува автоматски, но корисно е да знаете како да го направите тоа рачно, особено ако вашиот телефон бил исклучен подолго време.
Некои нови верзии на софтвер користат големи количини на податоци и енергија, па затоа е најдобро инсталирањето да го извршите со наполнета батерија и преку Wi-Fi.
Чекор по чекор
Можете да проверите за нови верзии на софтверот на апликацијата Settings (Поставки) на вашиот телефон.
- На почетниот екран, повлечете нагоре за да го отворите екранот со апликации.
- Допрете на симболот Settings (Поставки) за да ги видите опциите.
- Допрете на Software update (Нови верзии на софтвер).
- Допрете на Download and install (Преземете и инсталирајте).
- Вашиот телефон ќе провери за нови верзии. Ако нема нови верзии, вашиот телефон ќе прикаже Your software is up to date (Вашиот софтвер е со најнова верзија).
- Доколку е достапна нова верзија, ќе се прикажат некои информации за таа верзија, заедно со опцијата да ja инсталирате сега или подоцна.
- Допрете на Install now (Инсталирај сега).
- Инсталацијата ќе трае неколку минути, а вашиот телефон ќе се рестартира и ќе се прикаже Lock screen (Заклучен екран) кога таа ќе заврши.
- По инсталацијата, вашиот телефон ќе ја има најновата верзија со безбедносни поставки и функции.