Затворање на некористени апликации на iPhone

Овој краток водич е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Затворање на некористени апликации на iPhone“ (Closing unused apps on an iPhone). Ќе научите како да пронајдете отворени апликации на вашиот телефон и како да ги затворите.

За апликациите

Кога се префрлате помеѓу апликации на вашиот iPhone, тие можат да останат отворени во позадина. Затворањето на апликациите што не ги користите може да му помогне на вашиот телефон да работи непречено и да заштеди батерија.

Можете да ги затворите апликациите во секое време кога вашиот телефон е отклучен, без разлика дали користите апликација или веб-страница, проверувате пораки или телефонирате некому.

Затворање апликации на iPhone

Пронаоѓање и затворање апликации

Постојат два начина да проверите кои апликации се отворени на вашиот iPhone, во зависност од вашиот модел.

  1. Ако вашиот iPhone има физичко копче Home (Почетно копче), можете да ги пронајдете вашите отворени апликации со двојно притискање на почетното копче.
  2. Ако вашиот iPhone нема почетно копче, поставете го прстот на долниот дел од екранот и полека повлечете нагоре без да го тргнете прстот, а потоа застанете во средината на екранот.

Откако ќе го притиснете почетно копче или ќе повлечете нагоре на екранот, ќе се појави приказ на картички со преглед на апликации. Секоја картичка претставува една отворена апликација.

  1. Повлечете налево или надесно низ приказот за да ја најдете апликацијата што сакате да ја затворите.
  2. Повлечете ја картичката со апликацијата нагоре додека не исчезне од екранот за да ја затворите.
  3. Повторете ги овие чекори за сите други апликации што сакате да ги затворите или наместо тоа, допрете картичка за да ја отворите апликацијата.

Кога ќе завршите со затворање на апликациите, допрете било каде надвор од картичките или повлечете нагоре од дното на екранот за да се вратите на почетниот екран.