Вовед во апликацијата myGov

Ова кратко упатство е референтна алатка која ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Вовед во апликацијата myGov“ (Introduction to the myGov app), вклучувајќи како да:

  • ја пребарувате апликацијата во продавницата за апликации (app store) на вашиот телефон
  • ја преземате, инсталирате и да ја најдете апликацијата на вашиот телефон
  • креирате PIN (ПИН) и со него да се најавувате во апликацијата myGov.

Започнување со апликацијата myGov

Апликацијата myGov

Апликацијата myGov е практичен и безбеден начин да пристапите до услугите на австралиската влада користејќи го вашиот мобилен телефон или таблет. Вие може:

  • безбедно да се најавувате на поврзани државни агенции како Centrelink, Medicare, My Aged Care и ATO
  • да добивате известувања и писма
  • да менувате лични податоци.

За да ја користите апликацијата myGov, мора да имате поставено сметка на myGov.

Можете да ја преземете апликацијата myGov бесплатно од официјалната продавница за апликации на вашиот уред.

Кога преземате апликација за вашиот мобилен уред, секогаш е најбезбедно да ја користите официјалната продавница за апликации.

Како да ја преземете и инсталирате апликацијата myGov

Овој пример користи телефон со Android, а чекорите ќе бидат слични на iPhone.

  1. На Почетниот екран (Home screen) допрете на симболот Google Play Store за да ја отворите апликацијата Play Store.
  2. Допрете го симболот на лупа во долниот десен агол, за да започнете со пребарување.
  3. Во лентата за пребарување (Search bar), напишете myGov app.
  4. Допрете на соодветниот резултат од пребарувањето за да видите информации за апликацијата. Проверете дали е изработена (developer) од Services Australia за да сте сигурни дека станува збор за точна апликација.
  5. Допрете го копчето Install (Инсталирај) за да ја преземете апликацијата на вашиот уред.
  6. Откако ќе заврши преземањето, можете да допрете на Open (Отвори) за да ја отворите апликацијата.
  7. За да ја отворите апликацијата друг пат, пронајдете го симболот на myGov на Apps screen (екранот со апликации) на вашиот уред и допрете на него.

Како да се најавите на апликацијата myGov и да поставите PIN (ПИН)

  1. На екранот за добредојде (Welcome screen) на myGov, допрете на Sign in (Најавете се).
  2. Прочитајте ги Terms of use (Условите за користење) и допрете на I agree (Се согласувам).
  3. Внесете го Digital ID (Дигиталниот идентификатор), Passkey („клуч“ за пристап) или корисничкото име и лозинката на вашата myGov сметка за да се најавите.
  4. myGov ќе испрати безбедносен код на вашата имејл адреса или на вашиот телефонски број за да го потврди вашиот идентитет. Внесете го кодот во полето и допрете на Next (Следно).
  5. Креирајте шестцифрен PIN (ПИН), а потоа внесете го повторно за да го потврдите. Сега ќе го користите вашиот ПИН секој пат кога ќе се најавувате во апликацијата.
  6. Откако ќе се најавите, ќе се појави Home screen (почетниот екран) и апликацијата myGov е подготвена за употреба.
  7. За да се одјавите, допрете го симболот за профил во горниот десен агол за да ги отворите Account settings (поставки на сметката).
  8. Во менито што ќе се појави, допрете го копчето Sign out (Одјавете се) на долниот дел од екранот за да се вратите на Welcome screen (екранот за добредојде) на myGov.