Користење на апликацијата myGov

Овој краток прирачник е референтна алатка за потсетување која ќе ви помогне да го обновите знаењето или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео-курсот „Користење на апликацијата myGov“ (Using the myGov app), вклучувајќи:

  • клучни карактеристики на апликацијата
  • како да зачувате дигитална копија од вашата Medicare картичка во апликацијата.

Започнување со апликацијата myGov

Апликацијата myGov ви овозможува безбеден пристап до онлајн сметките што ги имате кај службите на австралиската влада користејќи го вашиот мобилен телефон или таблет.

Пред да ја користите апликацијата myGov, проверете дали:

  • имате отворено сметка на myGov
  • имате ПИН (PIN) за myGov
  • вашата myGov сметка е поврзана со вашата Medicare сметка.
Апликацијата myGov

Како да се најавите на апликацијата myGov

Овој пример ја користи апликацијата myGov на телефон со Android, а чекорите ќе бидат слични на iPhone.

За пристап до главното мени на апликацијата myGov:

  1. На екранот со апликации на вашиот телефон, допрете го симболот за апликацијата myGov за да ја отворите.
  2. На екранот за добредојде што ќе се појави, допрете на Continue (Продолжете).
  3. Внесете го вашиот ПИН (PIN) на myGov за да се најавите.
  4. На почетниот екран (Home screen) што ќе се појави, можете да видите известувања и да допрете симболи за да пристапите до главните функции на апликацијата.
За да ја заштитите вашата сметка на myGov, користете ја само официјалната апликација myGov, никогаш не ја споделувајте вашата лозинка или кодови за потврда и секогаш одјавете се ако користите уред што го користат и други лица.

Користење на Account settings (Поставки на сметката)

Симболот на профил во горниот десен агол од почетниот екран ви овозможува пристап до поставките на вашата сметка.

Поставките на сметката ви овозможуваат да управувате со вашите податоци за контакт, ПИН, лозинка и други безбедносни поставки. Во поставките постои копче за одјавување, како и информации за тоа како да ја користите апликацијата, како да ја затворите вашата myGov сметка и многу повеќе.

Користење на Wallet (Паричник)

Симболот за паричник е местото каде што можете да ги чувате картичките за попусти од Centrelink (Centrelink concession cards) и картичките за здравствени услуги (health care cards) поврзани со вашата myGov сметка.

Зачувувањето дигитална копија од важни картички на вашиот мобилен уред може да биде практично и со тоа обезбедувате дека никој нема пристап до нив освен вас.

За да ја зачувате вашата Medicare картичка во паричникот:

  1. Допрете го симболот за паричник на долниот дел од екранот.
  2. Допрете го копчето плус во горниот десен агол од екранот или допрете го текстот Add a card (Додајте картичка).
  3. Од листата што ќе се појави, допрете на Medicare card (Medicare картичка).
  4. Прочитајте ги условите и одредбите, а потоа допрете на Agree (Се согласувам).
  5. Ќе се појави преглед на вашата Medicare картичка.
  6. Допрете ја сликата за преглед за да ги видите сите податоци за вашата Medicare картичка.

Користење на Inbox (Сандаче за примени пораки)

Симболот за Inbox е местото каде што добивате официјални пораки и новости од владини служби.

Добра идеја е редовно да ги проверувате вашите пораки и внимателно да ги читате.

Користење на Services (Услуги)

Симболот за Services ви овозможува пристап и управување со поврзани услуги, како што се услуги од Medicare, ATO или Centrelink.

  1. Допрете на симболот за Services на долниот дел од екранот за да видите список на вашите поврзани услуги.
  2. Допрете го името на услугата за безбедно да ја отворите и да проверите податоци, плаќања или задачи поврзани со таа услуга.
  3. За да поврзете друга услуга, допрете на копчето плус во горниот десен агол и следете ги упатствата.