Поврзување на Medicare во апликацијата myGov

Ова кратко упатство е референтна алатка која ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Поврзување на Medicare во апликацијата myGov“ (Linking Medicare in the myGov app), вклучувајќи како да:

  • се најавите на апликацијата myGov користејќи го вашиот PIN (ПИН)
  • ја поврзете вашата Medicare сметка со вашата сметка на myGov.

Започнување со поврзувањето на Medicare во апликацијата myGov

Поврзување на Medicare во апликацијата myGov

Апликацијата myGov ви овозможува безбеден пристап до поврзаните онлајн сметки што ги имате кај службите на австралиската влада користејќи го вашиот мобилен телефон или таблет.

Кога ги поврзувате вашите сметки myGov и Medicare, можете:

  • да поднесете барања за надомест за медицински услуги
  • да ги следите исплатите
  • да ја прегледате историјата на вашите барања
  • да ги обновите личните податоци.

За да ги поврзете вашите сметки на Medicare и myGov, мора да ги имате следните работи:

  • инсталирана апликација myGov на вашиот уред и PIN (ПИН) за myGov
  • отворена онлајн сметка на Medicare
  • податоци за вашата Medicare картичка при рака
  • пристап до бројот на мобилниот телефон или имејл адресата кои се регистрирани со вашата сметка на Medicare.

Како да го поврзете Medicare во апликацијата myGov

Овој пример ја користи апликацијата myGov на телефон со Android, а чекорите ќе бидат слични на iPhone.

  1. На екранот со апликации на вашиот телефон, допрете го симболот за апликацијата myGov за да ја отворите.
  2. На екранот за добредојде што ќе се појави, допрете на Continue (Продолжете).
  3. Внесете го вашиот ПИН (PIN) на myGov за да се најавите.
  4. Од Home screen (Почетен екран) на myGov, допрете го симболот Services (Услуги) во долниот десен агол од екранот за да ги видите поврзаните услуги.
  5. Допрете го копчето „плус“ во горниот десен агол од екранот за да додадете друга услуга.
  6. Од списокот со услуги што ќе се појави, допрете на Medicare.
  7. Прочитајте ги информациите за поврзување на Medicare со myGov, потоа допрете на Link Medicare to myGov (Поврзи го Medicare со myGov) за да започнете.
  8. Прочитајте ги информациите за приватност и вашите лични податоци, потоа допрете на Next (Следно).

Потврдување на вашиот идентитет

Ако го знаете бројот на вашата Medicare картичка и Individual Reference Number (Индивидуален референтен број) до вашето име на картичката, допрете на Yes (Да).

Ако не ги знаете овие информации, допрете на Не. Ќе ви бидат прикажани информации за тоа како директно да контактирате со Medicare.

За да продолжите со поврзувањето на вашата сметка, следете ги упатствата:

  1. Внесете го вашиот Medicare Card Number (број на Medicare картичка).
  2. Внесете го вашиот Individual Reference Number (Индивидуален референтен број), тоа е бројот до вашето име на Medicare картичката.
  3. Внесете го вашето име, презиме и датум на раѓање.
  4. Внесете ја вашата адреса, потоа допрете на Next (Следно) на долниот дел од екранот.
  5. Прелистајте надолу и допрете на Use a one-time code (Користите еднократен код).
  6. Прочитајте ги информациите и допрете на полето со знак за штиклирање за да се согласите со условите и одредбите, потоа допрете Next (Следно).
  7. Изберете како сакате да го добиете кодот. Во зависност од тоа како вашата сметка е поставена, може да видите опции за SMS пораки или имејл.
  8. Кога ќе пристигне кодот, внесете го во полето и допрете на Submit (Поднесете).

Во апликацијата ќе ви се појават прашања на кои треба да одговорите врз основа на информациите што претходно сте ги доставиле до Medicare. Ова може да ги вклучува следните работи:

  • датумот на раѓање на друго лице наведено на вашата Medicare картичка
  • BSB-бројот на банкарската сметка каде што се исплаќаат вашите надоместоци од Medicare
  • последните четири цифри од бројот на вашата банкарска сметка
  • вашата имајл адреса.

Доколку не можете точно да одговорите на прашањата, може да ви биде оневозможен пристапот до вашата сметка 24 часа, или ќе треба да го потврдите вашиот идентитет во Services Australia преку телефон или во услужен центар.

Откако ќе се потврди вашиот идентитет, вашите сметки на myGov и Medicare ќе бидат поврзани.