Поднесување барање за надомест од Medicare преку апликацијата myGov

Ова кратко упатство е референтна алатка која ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле на онлајн видео курсот „Поднесување барање за надомест од Medicare преку апликацијата myGov“ (Making a Medicare claim using the myGov app), вклучувајќи како да:

  • се подготвите за барање
  • прикачите документи за вашето барање
  • го завршите и поднесете вашето барање.

Започнување со апликацијата myGov

Пред да поднесете барање за надомест од Medicare преку апликацијата myGov, осигурајте се дека:

  • имате отворено сметка на myGov
  • имате ПИН (PIN) за myGov
  • вашата myGov сметка е поврзана со вашата сметка на Medicare
  • ги имате податоците за вашата Medicare картичка.
Барање за надомест од Medicare

Подготовка на барање

Следните чекори покажуваат како да побарате поврат на средства од Medicare за веќе платена медицинска услуга. Примерот користи Android телефон, а чекорите ќе бидат слични и на iPhone.

За почеток:

  1. Од екранот со апликации на вашиот телефон, допрете го симболот за myGov за да ја отворите апликацијата.
  2. На екранот Welcome back (Добредојдовте повторно), допрете го копчето Continue (Продолжете).
  3. Внесете го вашиот ПИН за myGov за да се најавите и отворете го почетниот екран на myGov.
  4. Допрете го симболот Services (Услуги) во долниот десен дел од екранот.
  5. Од списокот со поврзани услуги што ќе се појави, допрете на Medicare.
  6. Од опциите што ќе се појават, допрете на Make a Medicare claim (Поднесете барање за надомест од Medicare).
  7. Апликацијата ќе ве води низ процесот на поднесување на барањето, почнувајќи со информациите што треба да ги имате подготвено, како што се фактура (invoice) и доказ и плаќање. Допрете на Start (Започнете).
  8. Ќе се појави Important notice (Важно известување); допрете на Accept (Прифатете) за да продолжите.
  9. Апликацијата ќе ви поставува прашања во врска со вашето барање. Одговорете со допирање на No (Не), а потоа на Next (Следно) за да преминете на следниот екран.
  10. Ќе се појават имињата на луѓето наведени на вашата картичка на Medicare. Допрете на вашето име, а потоа на Next (Следно).
  11. Апликацијата ќе праша дали е платена услугата и дали имате доказ за плаќањето. Допрете на Yes (Да), Yes (Да), а потоа на Next (Следно).
Избегнувајте да го притискате копчето Back (Назад) за време на процесот на поднесување на барањето, бидејќи тоа може да ве врати на почетниот екран и ќе треба повторно да го започнете процесот на поднесување на барањето.

Прикачување (Uploading) на документ

  1. Прочитајте ги барањата за прикачување документи со кои се докажува извршеното плаќање и допрете на Upload a document (Прикачете документ) кога ќе бидете подготвени да започнете.
  2. Ако апликацијата побара дозвола за фотографирање, допрете на While using the app (Додека се користи апликацијата).
  3. Ќе се прикаже скокачки прозорец: изберете го симболот на апликацијата за Files (Датотеки), Photos (Фотографии) или Gallery (Галерија) за да прикачите документ што е зачуван на вашиот телефон и симболот за Camera (Камера) ако треба да фотографирате печатен документ.
  4. За печатен документ, користете ја камерата на вашиот телефон за да го сликате документот, внимавајќи да биде поставен рамно и целосно во рамката.
  5. Откако ќе ја направите фотографијата, допрете на OK за да ја прикачите (upload).
  6. Ако фотографијата е нејасна, допрете на Retry (Обидете се повторно) за повторно да го сликате документот и кога ќе бидете задоволни, допрете OK.
  7. По прикачувањето, ќе можете да додадете повеќе документи, да го избришете прикачениот документ или да допрете на Next (Следно) за да продолжите.

Завршување на вашето барање

  1. Во вашиот документ со кој се докажува извршеното плаќање, пронајдете го и внесете го бројот на давателот на услуги (provider number) и допрете на Next (Следно).
  2. Во вашиот документ со кој се докажува извршеното плаќање, внесете го бројот на ставката (item number), датумот на услугата и износот што сте го платиле.
  3. На екранот може да се прикажат податоци за бројот на ставката; повлечете со прстот за да ги прегледате и да проверите дека одговараат на вашата услуга. Допрете Next (Следно).
  4. Ако бројот на ставката не ги вклучил опциите наведени на овој екран, повторно допрете на No (Не) и Next (Следно).
  5. Прегледајте ја кратката содржина на барањето и проверете дали сите податоци се точни. Допрете на Edit (Променете) ако некои информации треба да се променат.
  6. Кога ќе бидете подготвени, допрете на Submit (Поднеси).
  7. На екранот за потврдување ќе се потврди поднесувањето на вашето барање и ќе се прикаже Claim ID (Број на барањето) заради идна употреба.
  8. Допрете Download claim summary (Преземете кратка содржина на барањето) за да зачувате или испечатите PDF документ на вашето барање.
  9. Вратете се на почетниот екран на Medicare (Medicare Home screen) со допирање на копчето Home (Почетна старница) на дното од екранот.
Проверете ги сите податоци двапати пред да го поднесете барањето, за да се осигурате дека вашето барање е обработено правилно и без одложувања.