Овој краток прирачник е референтна алатка што ќе ви помогне да го обновите вашето знаење или да го практикувате она што сте го научиле во онлајн видео курсот „Испраќање гласовна порака на телефон со Android“ (Sending a voice message on an Android phone), вклучувајќи како да:
Отворете ја Messages app (апликацијата Пораки) од вашиот Home screen (почетен екран). Тоа е бела икона со сино меурче за говор. Ако не можете да ја најдете, повлечете нагоре за да го отворите Apps screen (екранот со апликации) и побарајте ја таму.
Пронајдете го лицето на кое сакате да му испратите порака со допирање на иконата со меурче за говор во долниот десен агол и побарајте го во списокот Contacts (Контакти) или со допирање на претходна порака од тој контак во апликацијата Messages (Пораки).
Откако ќе се отвори разговорот, погледнете го полето за внесување текст во долниот дел од екранот.
Допрете ја иконата Play (Пушти) во полето за пораки за да ја преслушате снимката. Ако не сте задоволни со неа, допрете Restart (Рестартирај) за да ја снимите повторно.
Кога ќе бидете подготвени да ја испратите, допрете Attach (Прикачи) и вашата гласовна порака ќе биде зачувана во разговорот.
Пред да ја испратите, секогаш проверете го името на лицето во горниот дел од екранот за да бидете сигурни дека пораката ја испраќате на точното лице.
Штом сте задоволни, допрете ја стрелката Send (Испрати) во долниот десен агол за да ја испратите пораката.