Андроид таблет: слушање поткасти
Овој краток водич е референтна алатка која ќе ви помогне да го освежите вашето знаење или да го вежбате она што сте го научиле на онлајн курсот Андроид таблет: слушање поткасти, вклучувајќи:
- како да ја преземете и инсталирате апликацијата ABC Listen
- како да слушате радио станици и емисии
- како да преземате радио емисии и поткасти.
Пред да започнете
Андроид таблетот што се користи во демонстрациите на овој курс можеби не е ист како вашиот, но менијата и чекорите би требало да се слични.
Како да преземете ABC Listen од продавницата на Google Play
Отворете Play Store од почетниот екран (Home screen) или од екранот со апликации (Apps screen) на таблетот. Кога ќе се појави главниот екран на Play Store, допрете на Search bar (лентата за пребарување) на врвот за да се појави тастатурата.
- Побарајте ABC Listen.
- На страницата со резултати од пребарувањето, допрете на ABC Listen. Тоа треба да е првиот резултат од пребарувањето.
- Се појавува „продавницата“ на апликацијата (app store) ABC Listen. Допрете го копчето Install и Play Store ќе ја преземе и постави апликацијата во заднина.
- Инсталирањето е завршено кога ќе се појави копчето Open.
- Вратете се на почетниот екран и пронајдете ја новата икона на апликацијата ABC Listen. Ако иконата на апликацијата ABC Listen не е на почетниот екран, отворете го екранот Apps screen и пронајдете ја иконата таму.
Пред да преземете апликација, погрижете се да ги проверите оценките со ѕвездички и информациите за дизајнерот на апликацијата така што ќе го допрете името на апликацијата во продавницата на Google Play и ќе ги разгледате информациите. Автентичната апликација ABC Listen е дизајнирана од Австралиската радиодифузна корпорација (Australian Broadcasting Corporation).
Разгледување на апликацијата ABC Listen
Допрете ја иконата на апликацијата ABC Listen на почетниот екран за да ја отворите и да започнете да разгледате радио станици, емисии и поткасти:
- Кога првпат ќе ја отворите апликацијата, таа може да ве праша дали сакате да отворите сметка за ABC Listen. Ова не е задолжително и можете да допрете на Not now.
- Можете да ја побарате вашата локална станица користејќи ја локацијата на таблетот или да го прескокнете овој чекор со Skip за да го видите почетниот екран на ABC Listen.
- Најгоре на екранот има радио станици што можете да ги слушате. Поткастите се прикажани подолу, организирани по категории.
- Можете да ја прегледате целата страница за да ги видите сите категории и да поминете низ секоја категорија за да најдете поткаст што ве интересира.
- Допрете поткаст за да го пуштите.
- Можете исто така да ја користите опцијата Search за да пронајдете поткасти по тема или да допрете во лентата за пребарување, Search bar, и да внесете име на одредена програма што сакате да ја најдете.
- На пример, побарајте ја програмата The Heath Report, а потоа допрете го најгорниот резултат за да го отворите главниот екран на поткастот Health Report.
- Најдете епизода што сакате да ја слушате и допрете на Play. Поткастот ќе се емитува на вашиот таблет.
Како да преземате и следите поткасти
Можете да преземете поткаст за да го слушате подоцна и да следите поткаст, така што секој пат кога ќе излезе нова епизода, таа автоматски се презема.
- Допрете ја иконата Download што се наоѓа до епизода на поткаст за да ја зачувате на вашиот таблет.
- Најдете го преземениот поткаст со допирање на Your Listen на дното од екранот, а потоа допрете на Downloads за да видите список со поткасти што сте ги преземале.
- Допрете кој било поткаст во Downloads за да се појави на целиот екран, а потоа допрете на Play.
- Има и контроли за паузирање, Pause, на подкастот и за прескокнување 15 секунди напред и 15 секунди назад.
- За автоматско преземање на секоја нова епизода од поткаст, одете на главната страница на програмата и допрете го копчето Follow. Изгледа како срце.
- Ако ве прашаат дали сакате да зачувате на сметка, допрете на Not Now.
- За да престанете да ја следите програмата, повторно допрете ја иконата со срцето и нема да се преземаат повеќе нови поткасти.
Како да бришете поткасти и да управувате со личните поставки.
Можете лесно да ги бришете поткастите автоматски и да менувате некои други поставки. Направете го ова од екранот Your Listen:
- Допрете на иконата Personalise Settings за да видите некои опции, а потоа допрете на опцијата Downloads.
- Изберете Delete 24 hrs after listening (избриши 24 часа по слушањето), со што секоја епизода на поткаст што ќе завршите да ја слушате, автоматски се брише. Ова ќе заштеди простор на вашиот таблет.
- Можете да испитате други опции на овој екран, како на пример Continuously play podcasts. Со ова апликацијата ќе ги емитува сите ваши преземени поткасти по ред.