Користење на главното мени на апликацијата Medicare Express Plus
Ова кратко упатство е референтна алатка што ќе ви помогне да го освежите знаењето или да го вежбате она што сте го научиле во видео курсот „Користење на главното мени на апликацијата Medicare Express Plus“ (Using the Medicare Express Plus app main menu), вклучувајќи:
- клучни карактеристики на апликацијата Medicare
- како да пристапите до барања, услуги и лични податоци
- како да ја видите вашата Medicare картичка.
Започнување со апликацијата Medicare
Пред да ја користите апликацијата Medicare, проверете дали:
- имате отворено сметка на myGov
- вашата myGov сметка е поврзана со Medicare преку веб-страницата на myGov
- е поставен myGov PIN.
Оваа демонстрација ја користи апликацијата на Android телефон, но чекорите ќе бидат слични на iPhone.
Истражување на главното мени
За да пристапите до главното мени на апликацијата Medicare:
- Од почетниот екран, допрете го симболот на Medicare за да ја отворите апликацијата.
- На екранот Welcome back (Добредојдовте назад), допрете го зеленото копче Sign in as yourself (Најавете се себеси).
- Внесете го вашиот myGov PIN и допрете Sign in (Најави се) за да пристапите до главното мени.
- Главното мени го прикажува вашето име и кога последен пат сте ја користеле апликацијата.
- Под пораката за добредојде, ќе го најдете полето Tasks (Задачи), каде што може да видите важни пораки од Medicare.
- Остатокот од менито е поделен на Claims (Побарувања) и Services (Услуги):
- Побарувања: Поднесете барање, прегледајте ги неодамнешните барања или прегледајте ја историјата на барања.
- Услуги: Променете ги личните податоци, проверете ја вашата евиденција за вакцинација и пристапете на MyMedicare.
- На дното од екранот се наоѓаат три симболи:
- Home icon (Симбол за почетна страница): Допрете за да се вратите на главното мени од кој било екран.
- Card icon (Симбол на картичка): Допрете за да ја видите вашата Medicare картичка, вклучувајќи детали како што се вашиот Medicare број и до кога важи картичката.
- Advanced menu icon (Симбол за мени со повеќе опции): Допрете за да пристапите до листа на други функции на апликацијата.
Прегледување и уредување на лични податоци
- Во делот Services (Услуги) на главното мени, допрете My Details (Мои податоци) за да ги видите вашите лични податоци.
- Прегледајте ја страницата за да ги видите сите детали, како што се адреса, телефонски броеви, банкарски податоци и електронска пошта.
- За да промените информации, допрете го зеленото копче Edit (Промени) под делот што сакате да го промените.
- Кога ќе завршите, допрете го копчето за затворање (означено со X) за да се вратите во главното мени.
Секогаш ажурирајте ги вашите лични податоци во апликацијата, за да бидете сигурни дека ги добивате точните услуги на Medicare.