Еве неколку најважни совети како да создадете силна лозинка која други луѓе не можат да ја погодат.
Многу интернет-страници ќе побараат лични податоци како што се вашето име, адреса, датум на раѓање или информации на кредитната картичка. За да ги заштитите тие податоци, мора да создадете лозинка. Создавањето силна лозинка што не може лесно да се открие е важен начин да се заштитите на интернет.
Ако некој ја дознае вашата лозинка, тој или таа може да ја користи за да пристапи до вашите лични сметки на интернет-страниците што сте ги посетиле. Тоа значи дека вашите сметки за е-пошта, сметки во банки, сметки за шопинг и социјални мрежи може да ги користи друго лице во негова корист.
Силна лозинка значи дека некој многу тешко ќе ја погоди, па вашите лични сметки на интернет ќе бидат многу побезбедни.
Постојат неколку вообичаени грешки што луѓето ги прават кога создаваат лозинки. Меѓу нив се:
Треба да ги одбегнувате овие грешки. Наместо тоа, треба да создадете добра лозинка (good password), лозинка што не може да се погоди лесно.
Силната лозинка претставува мешавина од букви, бројки и симболи. На пример, 3br@T2 или Figit32! се добри лозинки.
Но, бидејќи е тешко да се помнат таквите видови лозинки, постојат некои трикови да создадете добри лозинки што ќе можете да ги запомните.
Со време ќе треба да запомните многу лозинки. Вашиот интернет-прегледувач може да ви помогне. Следете ги овие чекори:
Без оглед колку безбеден е вашиот уред, ви препорачуваме никогаш да му дозволувате на компјутерот да ги запомнува вашите кориснички имиња и лозинки за сметката на myGov, за електронски шопинг или за банкарските сметки.
Секојпат кога ќе треба да создадете нова лозинка, треба да создадете силна лозинка. Како дополнителна мерка на претпазливост, вашите најважни лозинки можете да ги менувате на неколку месеци.
Ако сте заборавиле некоја лозинка, на страницата на којашто се обидувате да се најавите вообичаено постои врска или копче за заборавена лозинка (forgotten password). Кликнете на врската или на копчето и можете да побарате интернет-страницата да ви прати нова лозинка по е-пошта.