Еве неколку совети за безбедно преземање од интернет.
Една од најкорисните нешта што може да ги правите на интернет е да земате документи и слики кои потоа може да ги складирате во вашиот компјутер. Ова е наречено преземање (downloading).
Но, треба да внимавате што преземате и тука ви посочуваме некои мерки на претпазливост на кои треба да внимавате пред да го притиснете копчето Зачувај (Save).
Треба да симнувате само од интернет-страници во кои имате доверба. Во големи организации, како што е вашата банка, осигурителната компанија или владините установи, општо земено, можете да имате доверба, па затоа сѐ што преземате од нивните интернет-страници би требало да е безбедно. Но, што се случува со другите интернет-страници?
Еве неколку показатели дека е безбедно да преземате од некоја локација.
Сепак, ако се сомневате дека интернет-страницата не е безбедна, најдобро е да не преземате ништо од неа.
Вирус е вид компјутерска програма што може да го „зарази” вашиот компјутер ако преземате од неверодостојни интернет-страници. Вирусот може да му направи лоши работи на вашиот компјутер, вклучувајќи да ве спречи да имате пристап до вашите документи. За да ги одбегнете вирусите, следете ги следните упатства:
Противвирусната програма е специјален вид компјутерска програма што помага да се откријат и отстранат вируси што можеби сте ги презеле од интернет.
Ако случајно преземете вирус, вашата противвирусна програма ќе ви покаже еден скок-прозорец во кој ќе ве информира дека сте презеле нешто опасно и ќе ве запраша дали сакате да го избришете.
Постојат голем број противвирусни програми, меѓу кои:
Секој документ или слика што ќе го преземете од интернет содржи нешто што се вика тип на датотека. Ова му кажува на вашиот компјутер која програмата треба да ја употреби за да ја чита датотеката. Типот на документ обично е означен со код што се состои од три или четири букви на крајот на името на датотека. На пример, датотеката со ознака .doc на крајот покажува дека датотеката е документ Word.
За да го прочитате документот треба да ја имате соодветната програма. Еве некои примери:
Важно е да знаете во кои интернет-страници можете да имате доверба и како да ги отворите документите што сте ги презеле од интернет. Кога ги имате тие информации, преземањето од интернет може навистина да стане многу корисна алатка.