Ако имате проблеми на интернет, не паничете! Има места каде можете да побарате помош и работи што можете да ги направите сами.
Ако сметате дека сте жртва на измама, не срамете се и не кријте го тоа. Постојат чекори што можете да ги преземете за да го поправите проблемот.
Ако вашиот компјутер почне да се однесува чудно, можеби е заразен со вирус. Некои вообичаени знаци на вирус се:
Ако мислите дека имате вирус, направете го следното:
Ако сметате дека некој друг имал пристап до некоја од вашите интернет-сметки, најважно нешто што треба да направите е да ја смените лозинката што е можно поскоро. Одете на интернет-страницата, потоа најдете го делот за Помош (Help) и делот каде можете да ја смените вашата лозинка.
Можеби најважно од сѐ е да знаете кога да побарате помош. Не срамете се што имате проблем. Сите луѓе постојано имаат проблеми и најдете некого кој ќе ви помогне. Можеби тоа се луѓето во ACCC што се занимаваат со вируси, или некој технички обучен пријател или семеен член, па дури и вашиот локален комјутерски техничар. Секогаш постои некој кој може да помогне.